Такси возило, ресторанско мени: Места кои изгледаат чисто, но имаат повеќе бактерии и од тоалетот
Продавници
Овде спаѓаат секакви продавници – за храна, за облека, за технологија…
Иако во продавниците се одржува хигиена, во текот на денот сепак влегуваат многу луѓе кои ги допираат продуктите.
Детски игралишта
И детските игралишта се места полни со бактерии.
Но, ова не значи дека не треба да му дозволите на детето да си игра овде.
Туку само објаснете му да не ги става рацете во уста пред да ги измие.
Ресторани и кафетерии
Рестораните се обврзани да обрнуваат посебно внимание на хигиената, но има некои ситници на кои можат да се акумулираат бактерии, како менито.
Фитнес центри
И ова се места каде што се одржува добро ниво на хигиена, но во текот на денот справите за вежбање ги користат многу луѓе, па нормално е да се акумулираат бактерии.
Спирова С. | Црнобело