Практичен водич што ќе ви се најде: Што се подарува за секоја годишнина од брак?

За првата годишнина се подарува хартија, за 5-тата дрво, сребро за 25-тата, а за 60-тата годишнина се подаруваат дијаманти. Неколку идеи што да подарите за годишнината од брак.

interesni-idei-shto-da-podarite-za-godishnina-od-svadba-01.jpg

Роднини или пријатели ве канат на годишнина од свадбата, одбележуваат јубилеј, а вие не знаете што да им купите.

Уште полошо, сакате да подарите нешто на партнерот, ама ви се чини како веќе сè да сте им купиле.

Па, што да правите во тој случај?

Прочитајте ги овие интересни идеи, можеби ќе ви помогнеме со некоја од нив:

За 1-ва годишнина од брак се подарува хартија.

Затоа можете да порачате да ви изработат карикатура на која се двајцата, некоја книга, уметничка слика, слика од поставеноста на ѕвездите во моментот на свадбата и слично.

interesni-idei-shto-da-podarite-za-godishnina-od-svadba-13_copy.jpg

На 2-ра годишнина се подарува памук.

Во овој случај изберете бањарки, ќебе, пижами, штосни маички, рачно исцртани престилки со имињата на партнерите...

interesni-idei-shto-da-podarite-za-godishnina-od-svadba-20_copy.jpg

Подарокот за 3-та годишнина треба да е кожа.

Кожени ремени, чанти, паричници, кожени влечки, персонализирани приврзоци за клучеви и слично.

interesni-idei-shto-da-podarite-za-godishnina-od-svadba-02.jpg

За 4-та годишнина се подарува цвеќе или овошје, па ова најверојатно лесно ќе го изберете: без оглед дали е букет, саксиско цвеќе или кошничка со овошје кое ќе биде убаво спакувана, а не во пластична ќеса, како штотуку да сте го купиле од пазар.

interesni-idei-shto-da-podarite-za-godishnina-od-svadba-17.jpg

На 5-та годишнина се подарува дрво.

На пример, можете да изберете дрвени држачи за свеќи, украсна масичка, дрвена вазна или украсна фигура, друштвена игра (табла, шах), даска за сервирање, дрвен послужавник или прибор за во кујната.

interesni-idei-shto-da-podarite-za-godishnina-od-svadba-05.jpg

Подарокот за 6-та годишнина треба да е нешто од железо.

Овојпат можете да изберете железна скулптура, чајник или железен сет за кафе, обележувач за страниците во книги со изгравирана порака или имиња, приврзок за клучеви.

interesni-idei-shto-da-podarite-za-godishnina-od-svadba-08.jpg

За 7-та годишнина од брак се подарува волна или бакар.

Па, за оваа годишнина можете да купите волнен џемпер, волнени чорапи, волнено ќебе, бакарни чаши...

interesni-idei-shto-da-podarite-za-godishnina-od-svadba-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Како да ги изберете вистинските очила (според формата на лицето)? Ако имате овално лице, рамките на очилата треба да бидат широки колку најши...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Подароци кои не треба да им ги купувате на најблиските (и што да изберете наместо тоа) Предмети за домаќинството, спортски реквизити или вага за мерење... Што да им по...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg