Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично

Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека истакнатата пијанистка Наталија Стрелченко беше убиена од нејзиниот љубоморен сопруг.

samoubistvo-predoziranje-deca-genijalci-chii-zhivoti-zavrshile-tragichno-01.jpg

Често слушаме за деца генијалци кои се истакнуваат над другите и обично сме сигурни дека им претстои блескава иднина.

За жал, некогаш реалноста е многу посурова и токму генијалноста е причина за овие деца да водат тажни животи со трагичен крај.

Шест деца генијалци чии животи завршија трагично:

Арон Шварц

Арон Шварц беше компјутерски програмер кој почна да се истакнува во светот на информатичката технологија уште во тинејџерските години.

Роден во 1986-та, на само 12 години тој го креираше веб-сајтот – The Info Network – кој беше вид онлајн енциклопедија. То учествуваше и во пишувањето на кодовите кои направија револуција во интернетот.

На само 15 години успеа да се запише на Универзитетот Стенфорд, но ги напушти студиите по помалку од една година.

Арон е и една од личностите кои ја креираа популарната социјална мрежа Редит.

samoubistvo-predoziranje-deca-genijalci-chii-zhivoti-zavrshile-tragichno-03_copy.jpg

Користејќи го своето знаење, Арон стана хакер-активист кој честопати хакираше системи за да обелодени информации кои сметаше дека треба да бидат достапни за јавноста.

Сепак, бидејќи ова беше нелегално, Арон беше уапсен и осуден на 35 години затвор.

Во 2013-та, кога имаше само 26 години, програмерот се самоуби.

По трагичната смрт, неговото семејство откри дека Арон со години се борел со депресија, па ова, заедно со затворската казна, најверојатно биле причина да посегне по својот живот.

samoubistvo-predoziranje-deca-genijalci-chii-zhivoti-zavrshile-tragichno-02.jpg

Роберт Пис

Роберт Пис бил роден во сиромаштија – неговите родители биле разделени, додека татко му бил дилер на дрога.

Сепак, мајка му го забележала неговиот потенцијал, па имала неколку работни места само за да може да го запише во добро училиште.

Кога Роберт наполнил седум години, татко му отишол во затвор за убиство.

По завршувањето на средното училиште, Роберт почна да го привлекува вниманието на јавноста поради својот интелект. Благодарение на ова, богат банкар му го плати целото школување на Универзитетот Јејл.

samoubistvo-predoziranje-deca-genijalci-chii-zhivoti-zavrshile-tragichno-04.jpg

Tаму, Роберт студираше молекуларна биофизика и биохемија, а во 2002-ра дипломира со сите почести.

Но, додека студирал, Роберт продавал и марихуана – „бизнис“ со кој заработил над 100.000 долари.

По завршувањето на факултетот, Роберт продолжил со нелегалните активности и во 2011-та, на 30-годишна возраст, беше убиен додека правел зделка.

samoubistvo-predoziranje-deca-genijalci-chii-zhivoti-zavrshile-tragichno-05.jpg

Пичес Гелдоф

Пичес Гелдоф беше колумнистка, водителка и модел, која ја почна кариерата уште во тинејџерските години.

Нејзината мајка, која беше водителка, почина од предозирање со хероин кога Пичес имаше само 11 години. Подоцна се дозна дека Пичес ја „наследила“ зависноста од мајка си.

Талентираната колумнистка почна да пишува за магазинот Elle на само 15 години, а веќе следната година пишуваше за The Guardian и The Telegraph.

Во меѓувреме, таа соработуваше со неколку телевизии, работеше како модел, а имаше и своја модна линија.

samoubistvo-predoziranje-deca-genijalci-chii-zhivoti-zavrshile-tragichno-06.jpg

Но, во меѓувреме, Пичес редовно користела и хероин.

Таа самата имаше изјавено дека експериментирала со дрога, но во јавност никогаш не кажа колку сериозен бил нејзиниот проблем.

Во 2014-та, на само 25-годишна возраст, Пичес се предозира и почина.

samoubistvo-predoziranje-deca-genijalci-chii-zhivoti-zavrshile-tragichno-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg