Добил смртна казна за убиството на сопругата, иако немало цврсти докази - Бизарниот случај што е инспирација за „Gone Girl“

Во април 2003 година, телото на Ласи било пронајдено. Нејзиниот труп бил толку распаднат, што не ни личел на човечки, а рацете и нозете ѝ биле ампутирани.

Еден ден претходно, бил најден и мртвиот фетус на Ласи.

dobil-smrtna-kazna-za-ubistvoto-na-soprugata-bez-razlika-shto-nemalo-dokazi-mornichaviot-sluchaj-na-skot-piterson-06.jpg

Точниот датум и причината за смртта на Ласи не биле утврдени, но според некои извори, аутопсијата покажала дека фетусот најверојатно бил исфрлен од телото по нејзината смрт.

Исто така, фетусот најверојатно умрел додека бил во телото на Ласи, но ова не можело да се потврди со сигурност.

Скот бил уапсен набрзо потоа – го нашле во близина на границата со Мексико. Притоа, пуштил брада и си ја офарбал косата, а со себе носел околу 10.000 долари кеш.

dobil-smrtna-kazna-za-ubistvoto-na-soprugata-bez-razlika-shto-nemalo-dokazi-mornichaviot-sluchaj-na-skot-piterson-07.jpg

Со сето ова, Скот станал главниот осомничен – и за надлежните, и во очите на јавноста.

Скот тврдел дека е невин, а притоа го најмил адвокатот Марк Герагос кој има работено за познати и моќни луѓе, како Мајкл Џексон.

Судењето на Скот започнало дури во 2004 година.

dobil-smrtna-kazna-za-ubistvoto-na-soprugata-bez-razlika-shto-nemalo-dokazi-mornichaviot-sluchaj-na-skot-piterson-04.jpg

Бидејќи немало никакви докази дека ја убил сопругата, обвинителот се фокусирал на однесувањето на Скот пред и по исчезнувањето на Ласи.

Според обвинителот, Скот имал неколку мотиви да ја убие Ласи – не бил среќен во бракот, чувствувал притисок од бременоста, сакал да ја продолжи аферата со една од жените и имал финансиски проблеми.

dobil-smrtna-kazna-za-ubistvoto-na-soprugata-bez-razlika-shto-nemalo-dokazi-mornichaviot-sluchaj-na-skot-piterson-05.jpg

Детективите претпоставувале дека Скот ја убил сопругата и ѝ го фрлил телото од неговиот рибарски брод покрај брегот на Сан Франциско.

Судењето траело девет месеци, биле сослушани бројни сведоци и иако не биле најдени цврсти докази, однесувањето на Скот и сведоштвата сепак имале влијание.

Па, на 16-ти март 2006 година, судијата му одредил на Скот смртна казна.

Сепак, во август 2020 година, Врховниот суд на Калифорнија ја промени неговата казна, изјавувајќи дека за време на судењето биле направени „значајни грешки во изборот на поротата“.

dobil-smrtna-kazna-za-ubistvoto-na-soprugata-bez-razlika-shto-nemalo-dokazi-mornichaviot-sluchaj-na-skot-piterson-10.jpg

Односно, Скот имал право на порота која ќе биде објективна и ќе расудува само врз основа на приложените докази за време на судењето. Бидејќи случајот бил популарен во јавноста, мислењето на поротата било оформено претходно.

Сега Скот отслужува доживотна казна затвор, без можност за помилување. Но, уште стои на ставот дека е невин.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg