Се вљубил во пациентка, по смртта ѝ го украл телото и живеел со него – Морничавата опсесија на лекар од Германија

Елена била дијагностицирана со туберкулоза, болест која била смртоносна во тој период.

Бидејќи Карл веднаш се вљубил во неа, го дал најдоброто од себе за да ѝ помогне – ѝ обезбедувал лекови и се потрудил сите потребни медицински апарати да ѝ бидат достапни во домот.

Притоа, ѝ купувал и подароци, а по некое време ѝ изјавил љубов. Но, Елена била во брак и наводно не покажала интерес за Карл.

se-vljubil-vo-pacientka-po-smrtta-go-ukral-teloto-i-zhiveel-so-nego-mornichavata-opsesija-na-lekar-od-germanija-07.jpgЛабораторијата во којашто работел Карл

Во октомври 1931 година, Елена ѝ подлегнала на болеста, а Карл ги покрил трошоците за погребот со дозвола од нејзиното семејство.

Елена била погребана во мавзолеј за чија изградбата платил Карл. Тој го посетувал нејзиниот гроб секој ден.

se-vljubil-vo-pacientka-po-smrtta-go-ukral-teloto-i-zhiveel-so-nego-mornichavata-opsesija-na-lekar-od-germanija-05.jpgГробот на Елена

Две-три години по смртта на Елена, Карл го украл нејзиното тело од мавзолејот ѝ го однел во неговиот дом.

Според некои извори, пред да ѝ го украде телото, Карл раскажувал дека духот на Елена го посетувал, како и дека таа му рекла да ѝ го тргне телото од гробиштата.

Бидејќи телото на Елена било во фаза на распаѓање, Карл го обложил со мешавина од гипс и восок, а на главата ѝ ставил перика.

За да го прикрие непријатниот мирис, Карл користел огромни количини парфем и средства за дезинфекција.

se-vljubil-vo-pacientka-po-smrtta-go-ukral-teloto-i-zhiveel-so-nego-mornichavata-opsesija-na-lekar-od-germanija-02.jpgТелото на Елена

Околу осум години подоцна низ градот почнале да се шират гласини дека телото на Елена е кај Карл. Па, нејзината сестра Флоринда решила да преземе нешто.

Го пријавила Карл во полиција и тој набрзо бил уапсен и обвинет за уништување гроб и одземање мртво тело без дозвола од властите.

Сепак, Карл не одговарал за морничавото кривично дело бидејќи случајот застарел.

se-vljubil-vo-pacientka-po-smrtta-go-ukral-teloto-i-zhiveel-so-nego-mornichavata-opsesija-na-lekar-od-germanija-8.jpgКарл по апсењето

Телото на Елена, пак, откако било најдено во домот на Карл, извесен период било изложено во локалната мртовечница.

Бидејќи случајот се прославил, над 6.000 луѓе отишле во мртовечницата да го видат.

se-vljubil-vo-pacientka-po-smrtta-go-ukral-teloto-i-zhiveel-so-nego-mornichavata-opsesija-na-lekar-od-germanija-04.jpgИзложеното тело на Елена

Во 1944 година, Карл се преселил во друг град каде што ја напишал својата биографија. И покрај сè, неговата сопруга се грижела за него до крајот на животот.

Опсесијата на Карл била толку силна, што тој си направил голема кукла која личела на Елена и живеел со неа до неговата смрт во 1952 година.

Случајот на Карл се прослави толку многу, што послужи како инспирација за бројни филмови, серии, документарци, како и песни.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg