Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас
Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат – доволни се само неколку ситници за да им го направите престојот на вашите гости многу попријатен.
Кога очекувате гости кои ќе преноќуваат, сигурно им нагласувате да се чувствуваат како дома.
Но, факт е дека повеќето луѓе нема сами да посегнат по нешто или сами да ви побараат некои работи бидејќи не им е пријатно.
Затоа, обрнете внимание на овие ситници однапред:
Вазна со свежо цвеќе
Ова е мал детаљ кој веднаш создава пријатна атмосфера во просторијата.
Па, во сезоните кога има свежо цвеќе, ставете вазна во собата во којашто ќе спијат гостите.
Меки пешкири во бањата
Со тоа што сте оставиле посебен пешкир во бањата, му покажувате почит на гостинот и дефинитивно ќе му го подобрите расположението.
Добро би било да оставите и резервен пешкир во неговата соба.
Мирисливи свеќи или дифузери
Секој се чувствува убаво ако е во просторија со пријатен мирис.
Па, ставете мирислива свеќа или дифузер во собата на гостите.
Грицки и пијалаци
Ова веќе се подразбира, но вреди да се спомне, особено ако имате гости кои ќе преноќат кај вас.
Во нивната соба или во кујната оставете нешто за грицкање, свежо овошје и пијалаци.
На повеќето луѓе им е непријатно да си земаат сами, дури и ако им дадете слобода, па со овој гест ќе го избегнете тоа.
Удобни влечки
Препорачливо е секогаш да им понудите пар влечки на вашите гости.
Ако не ги сакаат кога ќе дојдат, осигурете се дека ќе ги оставите во собата во којашто ќе спијат.