Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас
Книги, списанија и нешто слично за забава
Во собата во којашто ќе спијат гостите оставете книга што сметате дека ќе им се допадне, некое списание, па дури и некоја друштвена игра.
Удобна перница и ќебе
Секако дека нема да ги оставите гостите без перница и ќебе ако спијат кај вас, но потрудете се да бидат удобни и чисти.
Вода и чаша во спалната
Во собата во којашто ќе спијат гостите оставете шише или бокал вода и чаша.
Многу луѓе пијат вода навечер, па со ова ќе им олесните на гостите.
Простор за релаксација
Помогнете им на гостите да се чувствуваат удобно одвојте им катче за релаксација.
Доколку немате многу простор во домот, нагласете им дека слободно можат да користат барем една фотелја или, пак, ставете повеќе перници во собата во којашто ќе спијат.
Полнач за телефон
Некои телефони имаат различни полначи, но ако имате резервен, добро би било да го оставите во собата на гостите.
Дури и ако нив им треба друг полнач, ќе бидат благодарни за гестот (или барем адаптерот).
Спирова С. | Црнобело