Бил лекар, убил над 200 свои пациенти – Кој бил Харолд Шипман, еден од најозлогласените сериски убијци од Англија?

Маж кој работел во мртовечницата на гратчето исто така почнал да се сомнева во Харолд. Тој забележал дека бројни повозрасни пациенти кои биле со добро здравје сепак завршувале во мртовечницата откако Харолд ги „лекувал“.

Последното убиство на Харолд е она што го привлекло вниманието на надлежните – тој ја убил поранешната градоначалничка на гратчето Хајд.

Жената била најдена мртва во нејзиниот дом, а Харолд бил последниот којшто ја видел. Тој ја констатирал и причината за смртта во документите – старост.

Харолд можеби ќе се извлечел и овојпат, но се обидел да добие дел од парите на неговата жртва.

bil-lekar-ubil-nad-200-svoi-pacienti-koj-bil-harold-shipman-eden-od-najozloglasenite-seriski-ubijci-od-anglija-04.jpg

Тој направил лажел тестамент во кој не ги вклучил ќерката и внуците на жената. Наместо тоа, запишал дека жената нему му остава над 300.000 евра.

Нормално, целата ситуација ѝ била сомнителна на ќерката која пријавила во полиција, по што почнала уште една истрага за Харолд.

bil-lekar-ubil-nad-200-svoi-pacienti-koj-bil-harold-shipman-eden-od-najozloglasenite-seriski-ubijci-od-anglija-02.jpg

Обдукцијата на телото на последната жртва покажало дека во нејзиниот организам има смртоносна доза хероин. Харолд тврдел дека жената била зависник и дека тоа го пишувало и во нејзиното медицинско досие.

Но, полицијата лесно утврдила дека записите за зависноста се направени по нејзината смрт.

Во септември 1998 година, Харолд бил уапсен.

bil-lekar-ubil-nad-200-svoi-pacienti-koj-bil-harold-shipman-eden-od-najozloglasenite-seriski-ubijci-od-anglija-06.jpg

Оттаму, детективите лесно откриле дел од жртвите на Харолд – пронашле смртоносни дози хероин во нивните организми, а нашле и докази дека лекарот ги лажирал нивните медицински досиеја за да изгледа како да биле сериозно болни.

Харолд добил доживотна казна затвор за убиството на 15 негови пациенти. Надлежните се сомневале дека бројот на жртви достигнува и 250, но дел од телата биле кремирани и за многу убиства немале цврсти докази.

bil-lekar-ubil-nad-200-svoi-pacienti-koj-bil-harold-shipman-eden-od-najozloglasenite-seriski-ubijci-od-anglija-05.jpg

Лекарот до последно негирал вина, а во јануари 2004 година се обесил во неговата затворска ќелија. На денот на смртта имал 57 години.

Не е познат мотивот за самоубиството на Харолд, но според некои британски медиуми, тој сакал да ѝ обезбеди финансиска стабилност на сопругата бидејќи го изгубил правото на пензија кога заминал во затвор.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg