Бил лекар, убил над 200 свои пациенти – Кој бил Харолд Шипман, еден од најозлогласените сериски убијци од Англија?
Се претпоставува дека лекарот Харолд Шипман од Англија е одговорен за смртта на над 200 негови пациенти кои ги убивал со смртоносни дози лекови. Тој добил доживотна казна затвор за 15 потврдени убиства, а ја негирал својата вина, сè додека не извршил самоубиство во 2004-та.
Харолд Фредерик Шипман бил лекар, но и еден од сериските убијци од поново време со најмногу жртви.
Бил осуден на доживотна казна затвор за 15 убиства, но надлежните проценуваат дека е одговорен за смртта на можеби 250 луѓе.
Кој бил Харолд и како станал еден од најозлогласените убијци во Англија?
Харолд бил роден во 1946 година во Англија. Неговите родители биле скромни христијани, а самиот Харолд бил рагбист во младоста.
Кога имал 17 години, мајка му починала од рак на белите дробови.
Во 1966 година стапил во брак со сопругата со која имал четири деца, а завршил медицина во 1970-та.
Во 1974 година, Харолд почнал да работи во болница во Јоркшир како општ лекар.
Но, околу една година подоцна, бил фатен како сам си препишува силни лекови против болка. Добил парична казна и краток период бил на рехабилитација, а потоа почнал да работи во друга болница, овојпат во англиското гратче Хајд.
Харолд работел овде повеќе од една деценија и станал мошне почитуван лекар и граѓанин. Но, додека сите го сметале за угледен лекар, Харолд потајно ги убивал неговите пациенти.
Тој им давал смртоносни инјекции, а некогаш и им препишувал смртоносни дози на лекови.
Првите сомнежи за Харолд се појавиле во 1998 година, кога негова колешка забележала дека стапката на смрт е превисока кај неговите пациенти.
Таа забележала и дека Харолд поднесувал барања за многу повеќе кремирања од другите лекари.
Полицијата не можела да најде цврсти докази против Харолд, па околу еден месец по пријавата на колешката, ја запреле истрагата.
Харолд не се заплашил од истрагата и убил уште тројца луѓе.