Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници
Ребека Коријам
На 24-годишна возраст, Ребека Коријам од Британија работела на крузерот Disney Wonder. На 22-ри март 2011 година, таа исчезнала од бродот.
Според снимките од безбедносните камери, утрото пред да исчезне, Ребека разговарала на телефон и изгледала вознемирено. Неколку часа подоцна, требало да ѝ почне смената, но воопшто не се појавила.
Цели 12 години никој не знае што се случило со Ребека, а нејзините родители до денес ја обвинуваат компанијата Дизни.
Некои сметаат дека Ребека била нападната (можеби и силувана), убиена и фрлена во океанот, додека Дизни ја „замачкува“ приказната за да не си ја уништи репутацијата.
Имено, семејството на Ребека имало поддршка и од некои британски функционери, како и од семејства чии сакани исто така исчезнале додека работеле на крузери.
Д. Б. Купер
Ова е можеби најлудата мистерија на листата и останува нерешена половина век.
На 24 ноември 1971 година, авион на Northwest Orient Airlines летал од Портланд до Сиетл.
За време на летот, едниот од патниците станал и ѝ рекол на стјуардеса дека на себе има бомба. Побарал 200.000 долари во кеш, како и четири падобрани.
Кога авионот слетал во Сиетл, мажот им дозволил на патниците да излезат, но им наредил на пилотите и стјуардесите да наполнат гориво и да тргнат кон Мексико Сити.
Околу 30 минути откако полетале, мажот ја отворил врата од авионот и со падобран скокнал од него.
До денес никој не знае кој бил мажот, зошто му требале парите и зошто скокнал од авионот.
Тој се претставил како Ден Купер, но новинар кој пишувал за настанот го напишал како Д. Б. Купер, па тоа е името по кое е познат и денес.
Дороти Џејн Скот
Во 1980-та, 32-годишната Дороти Џејн Скот добивала морничави повици од непознат маж кој ѝ се заканувал дека ќе ја убие и исече на парчиња за никој да не ја најде.
Во мај, неколку месеци откако почнале повиците, колега на Дороти бил каснат од пајак. Таа го однела на болница со нејзиниот автомобил.
Додека колегата бил на преглед, Дороти отишла до нејзиниот автомобил за да го паркира пред болницата.
Колегата ја чекал на влезот, но автомобилот на Дороти само се доближил до него, па го одминал со голема брзина. Тој не можел да види кој има внатре.
Откако колегата не можел да ја добие Дороти, пријавил во полиција.
Во јуни, додека траела потрагата по Дороти, локалната полиција добила повик од маж кој тврдел дека ја убил.
По нејзиното исчезнување, до 1984 година и мајка ѝ добивала повици од маж кој велел дека ја уби.
Полицијата била сигурна дека е убиецот, но не успеала да открие од каде се јавува.
Во 1984-та, полицијата нашла делови од мртвото тело на Дороти, но до денес не се знае што ѝ се случило, ниту кој е мажот што им се јавувал неа и на мајка ѝ.
Спирова С. | Црнобело