Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници
Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им се губи трагата. Неколку месеци подоцна, полицијата ги нашла нивните телефони од кои девојките неколкупати пробале да повикаат помош. Набрзо потоа, нашле и дел од нивните коски, но до денес не се знае што им се случило.
Кога гледаме крими филмови и серии, обично добиваме разрешница на убиствата и исчезнувањата.
Во реалноста, голем дел од овие случаи никогаш не се решени.
Шест нерешени мистерии од кои ќе во полазат морници:
Брајан Шафер
Американецот Брајан Шафер (роден во 1979) бил студент по медицина, кога во 2006-та му се изгубила секаква трага.
На 31-ви март, тогаш 27-годишниот студент излегол со пријателите во бар во Охајо. Набрзо потоа си заминал, а неговите пријатели претпоставиле дека е дома.
Кога сфатиле дека е исчезнат, надлежните почнале да ги прегледуваат снимките од околните безбедносни камери. Брајан се гледал на една од снимките – разговарал со две жени пред барот, а потоа се вратил внатре.
На ниту една снимка не се гледа како Брајан излегува од барот.
Она што ја буни јавноста, но и детективите, е што од барот немало ниту еден друг излез освен тој.
До денес не се знае што се случил со студентот, но полицијата има разни теории. Повеќето сметаат дека Брајан е убиен, но постојат и шпекулации дека можеби е жив, но само живее со друг идентитет.
Крис Кремерс и Лисен Фрун
Крис и Лисен биле студентки од Холандија кои во април 2014-та биле на одмор во Панама. Двете девојките отишле на популарната планинска патека позната како El Pianista.
Иако за да се изоди патеката се потребни околу четири часа, девојките се задржале многу подолго. Па, почнала потрага по нив.
Дури 10 седмици подоцна некоја жена случајно го нашла ранецот на Лисен од кој не било украдено ништо.
Биле најдени и телефоните на девојките од кои се открило дека неколкупати пробале да се јават во полиција.
Во ранецот имало и фотоапарат со над 90 фотографии направени неколку дена по исчезнувањето. Не е јасно на која локација биле направени фотографиите.
Подоцна биле најдена облеката на една од девојката, како и уште еден ранец.
По два месеца, надлежните нашле карлична коска, чизма со стапало во неа и над 30 коски расфрлани наоколу.
Анализата покажала дека коските се на девојките. Оние на Крис биле избелени, додека на коските на Лисен уште имало остатоци од кожа.
До денес не е познато што се случило со девојките, ниту како умреле. Некои веруваат дека се убиени од локален картел.
Никол Морин
На 30-ти јули 1985 година, тогаш 8-годишната Никол Морин излегла од нејзиниот стан во Торонто. На најдолниот кат од зградата ја чекала пријателка со која требало да одат на базен.
Но, Никол никогаш не стигнала до долниот кат и оттогаш никој ја нема видено.
Никол живеела на 20-тиот кат, што значи најверојатно исчезнала во зградата.
Полицијата ја организирала најголемата потрага по исчезната личност во историјата на Канада – 20 експерти работеле на случајот во период од 9 месеци, биле испрашани над 6.000 осомничени, а се проценува дека целата истрага чинела речиси 2 милиони долари.
Но, до денес, 37 години подоцна, никој не знае што се случило со Никол.