Развратниот живот на креаторот на Барби - сакал неговите девојки да личат на куклата, организирал оргии во неговиот замок
Третата сопруга на Рајан била неговата секретарка Линда Хенсон.
Дизајнерот ја терал Линда да се изгладнува и цело време да вежба за да има тело како на Барби. Но, таа развила анорексија и починала од инфаркт.
Всушност, Рајан ја терал секоја жена која била со него да се изгладнува, да пие сомнителни апчиња за слабеење, па и да прави пластични операции за да личи на Барби.
Рајан со втората сопруга
Кон крајот на 1970-тите, компанијата која стои зад Барби куклата одлучила да го раскине договорот со Рајан поради неговото недолично однесување.
Рајан ја тужел компанијата и побарал над 17 милиони долари отштета, но добил „само“ шест милиони.
Поранешната сопственичка на Mattel - фирмата која стои зад Барби куклата
Поради трошоците од судењето, Рајан бил принуден да го продаде замокот и да се откаже од својот начин на живот.
Покрај тоа, сопственичката на компанијата почнала кампања со која пробала да го тргне името на Рајан од популарната кукла – тврдела дека само таа е задолжена за нејзината креација.
Дури постои и дебата за потеклото на името на куклата – сопственичката тврди дека е по нејзината ќерка Барбара, додека Рајан тврдел дека тој го смислил името и бил инспириран од првата сопруга Барбара.
Додека траела судската битка со компанијата, Рајан почнал да станува параноичен.
„Татко ми пиеше и користеше дрога, кокаин, беше параноичен. Мислеше дека сите сакаат да му наштетат, дека го преслушуваат.
Во еден момент на делузија тврдеше дека луѓето кои го следат му ги поместуваат ѕидовите во домот. Не беше во добра форма“, откри ќерка му Ен Рајан долго по неговата смрт.
Постарата ќерка на Рајан
Откако изгубил речиси сè, здравјето на Рајан драстично се влошило, а доживеал и мозочен удар.
Пред смртта, Рајан уште двапати стапил во брак – со Гери Хари Лансинг од 1981 до 1985, како и со Магда Орзечовски од 1985-та до неговата смрт.
Во 1991-ва, кога имал 64 години, на телевизија Рајан начекал документарец за Барби куклата. Во документарецот тој не бил ни спомнат, по што извршил самоубиство со пиштол.
Рајан со постарата ќерка
Спирова С. | Црнобело