Развратниот живот на креаторот на Барби - сакал неговите девојки да личат на куклата, организирал оргии во неговиот замок

Џек Рајан, едниот од дизајнерите на Барби, бил толку опседнат со својата креација што ги терал неговите сопруги и девојки да вежбаат, да се изгладнуваат и да прават пластични операции само за да личат на познатата кукла. Живеел во замок каде што редовно одржувал забави со оргии, а се самоубил на 65-годишна возраст, откако изгубил сè поради начинот на живот.

razvratniot-zhivot-na-kreatorot-na-barbi-sakal-negovite-devojki-da-lichata-na-kuklata-organiziral-orgii-vo-negoviot-zamok-01.jpg

Сите ја знаеме Барби куклата, но колку знаете за нејзиниот креатор – Џек Рајан?

Дизајнерот направи огромно богатство благодарение на познатата кукла, но се чини имал морничава опсесија со жени кои личат на Барби.

Според гласините, Џек спиел со над 100 жени кои личеле на Барби, а некогаш и самиот инсистирал неговите партнерки да си прават пластични операции за да го задоволат неговиот фетиш.

Бил во брак петпати, а долг период живеел во замок каде што редовно организирал забави со многу дрога и оргии.

razvratniot-zhivot-na-kreatorot-na-barbi-sakal-negovite-devojki-da-lichata-na-kuklata-organiziral-orgii-vo-negoviot-zamok-10.jpgРајан пред неговиот замок

Куклата Барби е дело на американската компанија за играчки Mattel. Сопственичката на компанијата, Рут Хандлер, сакала да направи кукла за девојчиња, па со помош на Џек Рајан ја дизајнирала Барби.

Наводно, токму Рајан е одговорен за нереалните пропорции на Барби, како тенката половина и многу долгите нозе.

Според пријател на Рајан – Стивен Гнас – дизајнерот бил опседнат со својата креација, и тоа на вознемирувачки начин.

„Често мислам на изразот на неговото лице кога ги опишуваше пропорциите на Барби. Кога зборуваше за куклата, беше како да слушате како некој зборува за сексуално искуство, како да слушате некоја перверзна личност“.

razvratniot-zhivot-na-kreatorot-na-barbi-sakal-negovite-devojki-da-lichata-na-kuklata-organiziral-orgii-vo-negoviot-zamok-11.jpg

Благодарение на успехот на куклата и договорот што го направил со компанијата, Рајан брзо се збогатил.

Тој си изградил огромен замок каде што почнал да ги одржува неговите развратни забави.

Според The Sun, на овие забави Рајан канел жени со големи силиконски гради и руса коса со цел да спие со нив. Тој дури и запишувал детали од секое сексуално искуство со жените.

razvratniot-zhivot-na-kreatorot-na-barbi-sakal-negovite-devojki-da-lichata-na-kuklata-organiziral-orgii-vo-negoviot-zamok-07.jpgРајан со втората сопруга

Истовремено, голем дел од жените кои работеле во замокот како хигиеничарки и слично, неретко личеле на Барби и повеќето имале односи со Рајан.

Важно е да се нагласи дека додека се случувало сето ова, Рајан всушност бил во брак со првата сопруга Барбара Харис со која имал и деца.

Во 1971 година, Барбара повеќе не можела да го поднесе понижувањето, па парот се развел по 21 година заедно.

razvratniot-zhivot-na-kreatorot-na-barbi-sakal-negovite-devojki-da-lichata-na-kuklata-organiziral-orgii-vo-negoviot-zamok-09.jpgРајан со првата сопруга и децата

Во 1975 година Рајан стапил во брак со актерката За За Габор, но овој брак траел само една година. Наводно, Рајан постојано ја терал За За да направи промени во изгледот за повеќе да личи на Барби.

Актерката поднела барање за развод кога Рајан му платил на маж да спие со неа.

Според барањето за развод, Рајан фантазирал како За За спиела со други мажи, а и на самиот му било тешко да ѝ остане верен.

razvratniot-zhivot-na-kreatorot-na-barbi-sakal-negovite-devojki-da-lichata-na-kuklata-organiziral-orgii-vo-negoviot-zamok-03.jpgРајан со втората сопруга

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg