Белите дробови откажуваат, органите се уништуваат – Што се случува со телото на големи длабочини?

Што се случува на големите длабочини на океаните и како реагира телото?

Научниците го имаат поделено океанот на неколку зони, во зависност од длабочината.

Во секоја зона има различен притисок, но и различно количество светлина, а од ова зависи кои организми можат да преживеат.

Повеќето растенија и риби живеат во најгорната зона, каде што светлината е најсилна, а притисокот релативно низок.

Веќе спомнавме, рекордот за најдлабоко нуркање е 332 метра каде што притисокот е околу 30atm.

Со поголеми длабочини, се зголемува притисокот, а ова може да предизвика компресија на белите дробови и со тоа отежнато дишење.

Истовремено, се намалува дотокот на крв до екстремитетите, а може да се забави и чукањето на срцето.

Хипотермијата е уште еден проблем – телото побрзо губи топлина кога е во вода отколку на копно.

Поради високиот притисок, може да се јават гадење, вртоглавица и други симптоми.

На екстремни длабочини, притисокот може да го „смачка“ телото и да предизвика повреди, па дури и смрт.

belite-drobovi-otkazhuvaat-organite-se-unishtuvaat-shto-se-sluchuva-so-teloto-na-golemi-dlabochini-05.jpg

Дури и ако телото преживее, кога ќе се врати на површина од голема длабочина може да се јават непријатни симптоми поради декомпресијата.

Поради ова, за нуркачите на големи длабочини е особено важно да се враќаат на површината од водата што е можно побавно.

Титаник се наоѓа на длабочина од околу 3.800 метри. Притисокот на оваа длабочина е како на секој дел од вашето тело да делува сила колку тежината на еден слон.

Што значи, станува јасно дека телото ќе биде „смачкано“.

Интересно е што некои водни суштества се имаат адаптирано на големи длабочини.

Во близина на Јапонија е најдена риба на длабочина од дури 8.000 метри.

Се претпоставува дека ова е единственото суштество кое може да живее на таа длабочина.

belite-drobovi-otkazhuvaat-organite-se-unishtuvaat-shto-se-sluchuva-so-teloto-na-golemi-dlabochini-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg