Ги извлекле минути пред да го истрошат кислородот, по 80 часа во подморница: Детали за неверојатното спасување во 1973-та

Најпрво им станало јасно дека имаат доволно кислород, но дека постои опасност подморницата да се наполни со јаглероден диоксид и да ги задуши. Сфатиле и дека немаат многу храна.

Но, за нивна среќа, електрониката во подморницата работела што значело дека барем ќе имаат светло и топлина.

Набрзо сфатиле дека главниот резервоар за кислород протекува. Но, Малисон украл резервоар со кислород пред да влезе во подморницата и ова буквално им го спасило животот.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-03.jpg

Истовремено, уредот за филтрирање на јаглеродниот диоксид не работел правилно. Но, барем можеле да го вклучуваат рачно. Наместиле аларм на секои 30 минути за да го вклучуваат, притоа знаејќи дека ако заспијат и пропуштат едно вклучување, дефинитивно ќе умрат.

Опремата во подморницата работела, но со радиото не можеле да добијат сигнал од површината. Спасувачите пробале да стапат во контакт со нив, но звуците што ги прават делфините им го попречувале сигналот.

Овде била и опасноста вратата целосно да попушти и подморницата да се наполни со вода.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-04.jpg

Додека мажите се обидувале да преживеат во подморницата, на површината почнал да се развива комплексен план за спасување.

Спасувачите сфатиле дека имаат помалку од 80 часа да ги извлечат пред да им се истроши кислородот.

Кога им останале уште 39 часа кислород, на дното била пуштена подморницата Pisces II. Идејата била подморницата со мажите да се закачи на другата и да се извлече на површината.

Но, се јавиле неколку технички проблеми и обидот бил неуспешен.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-08.jpg

Набрзо потоа била испратена друга подморница – Pisces V – која успеала да ги најде мажите. Сега останало само да бидат извелечни со друга подморница.

Но, и овојпат се јавиле проблеми – една подморница морала да се врати површината поради протекување на вода, а друга имала проблеми со електрониката.

Неколкупати, пак, спасувачите не успеале да ја закачат подморницата со мажите за друга за да ја извлечат.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-09.jpg

70 часа по почетокот на спасувачката мисија, подморницата била закачена за друга и на 1-ви септември почнале да ја извлекуваат на површината.

Но, проблемите не завршиле овде.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-006.jpg

Најпрво, кесата која мажите ја користеле како тоалет експлодирала, па во подморницата било неподносливо. Покрај тоа, извлекувањето на површината било запрено двапати бидејќи се кинеле јажињата.

Кога мажите имале кислород за едвај 20 минути, конечно биле извлечени на површината.

Подоцнежните анализи покажале дека тие имале всушност помалку од 12 минути кислород.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-06.jpg

„Имаше силно тропање. Вратата се отвори и видовме светлина. Ни прозбореа гласови и ни ги подадоа рацете“, се присетува Чапман.

Мажите веднаш биле пренесени на брод каде што ги прегледале медицински лица. Освен што биле преморени сè друго било во ред.

gi-izvlekle-minuti-pred-da-go-istroshat-kislorod-po-80-chasa-vo-podmornica-detali-za-neverojatnoto-spasuvanje-vo-1973-ta-07_2.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg