Најиритантните работи што ги прават гостите кога одат во нечиј дом
Сами ја подесувате температурата на клима уредот во домот
Ако ви студи или ако ви е топло, едноставно кажете му на домаќинот.
Не е во ред самите да ја подесувате температурата на клима уредот кога сте во туѓ дом.
Допирате предмети без дозвола
Размислете дали вие би сакале некој да ви ги допира работите низ домот без ваша дозвола. Најверојатно не.
Ако сакате да видите нешто, прашајте го домаќинот дали може.
Барате лозинка за интернет
Повеќето луѓе без проблем ќе ви ја кажат лозинката, но овде е клучно друго бон-тон правило.
Кога сте на гости, не е во ред целата дружба да ја поминете на телефонот.
Го храните миленикот на домаќинот
Можеби вам ви е забавно и слатко на кучето да му дадете храна од масата, но немојте да го правите ова.
Бројни намирници што ги јадеме ние можат да бидат штетни за мачки и кучиња. Покрај тоа, ако станува збор за миленик на кој му е забрането да јаде храна од масата, ќе му создадете проблем на домаќинот.
Спирова С. | Црнобело