9 причини зошто животот на Малдиви е тежок (и е далеку од рај за локалците)
Возењето во натрупани бродови се секојдневие
Малдивите се всушност над 1.000 острови, од кои околу 200 се населени.
Неретко луѓето кои живеат на еден остров, работат на друг, што значи секој ден треба да патуваат со брод.
Проблемот е што бродовите се преполни со луѓе кога е време за одење на работа, а доста често и доцнат.
Времето е многу променливо
Можеби ние си ги поврзуваме Малдивите со сончево и топло време, но ова не важи за сите сезони.
Од април до ноември, времето е многу нестабилно, има појава на силни ветрови и често врне.
Разводите се многу чести
Стапката на развод е највисока во Малдивите – во просек има 5,5 разводи на 1.000 луѓе.
Според постари податоци, само во 2013-та имало 3.332 развода. За споредба, на Малдивите живеат околу половина милион луѓе.
А, се чини дека бројот на разводи постојано расте.
На многу плажи има забрана за костими за капење
Костимите за капење се дозволени само на плажите што ги поседуваат хотелите и ресортите, како и на приватните острови.
На секое друго место можете да бидете и уапсени ако носите костим за капење.
Има посебен остров за отпад
Проблемот со отпадот станува сè посериозен за Малдивите, особено со развојот на туризмот.
Властите почнаа да забрануваат одредени продукти со цел да го намалат загадувањето, но се чини е предоцна.
Поради големото количество отпад, на Малдивите има посебен остров кој служи како депонија.
Но, изгледа како да е далеку од населено место, дел од овој отпад завршува и во водата.
Спирова С. | Црнобело