Гиро 4,5 евра, лежалките од бесплатни до 40 евра по човек – Како се движат цените на плажите во Грција?
Цената на гирото е скоро секаде иста, околу 4,5 евра, пивото е од 5 евра, па нагоре. Цената на лежалките варира, па се движи меѓу 40 евра по човек ако сакате да сте во прв ред, до бесплатна лежалка ако порачате пијалак. Колку е скапо летувањето во различни делови на Грција во сезоната 2023?
Секоја година илјадници македонски туристи одат на летување во Грција. При изборот на дестинацијата, освен тоа каква е плажата и дали е плитка, длабока или топла водата, влијание при изборот имаат и цените на храната, пијалаците, но и на лежалките.
Членовите на Фејсбук групата „На одмор во Грција“ ги споделија своите искуства и раскажаа колку тие плаќале на низ гратчињата и на плажите во Грција.
Како се движат цените на различни локации во Грција во сезоната 2023, според Македонците кои веќе беа таму?
Полихроно
Гирото е 4,5 евра за пита, а 9 евра за порција.
На некои места 2 лежалки со пијалак се 30 евра (во прв ред), а во задните редови лежалките се бесплатни – се плаќа само пијалакот (кафе, сок, алкохол).
Во некои барови на плажа, пијалаците се по 5 евра и со тоа добивате две лежалки и чадор во прв ред.
Неа Флогита
Гирото е 4,5 евра, топка сладолед е 2 евра.
На плажа кафето е 3,5 евра и со тоа одат 2 лежалки со чадор за сонце.
Фурка
Гирото е 4,5 евра пита, а 9 евра порција.
Кафе, пиво и сок на плажа се меѓу 4 и 5 евра, а лежалките се бесплатни, ако нарачате пијалак.
Олимпијада
Гирото чини 3,5 евра.
Кафето на плажа е помеѓу 3,5 и 4 евра, а со тоа добивате 2 лежалки.