Расипани кочници, напад од диви животни: Совети кои ќе ви помогнат во опасни ситуации
Како да се справите со смрзнатини?
Обично смрзнатините се придружени со силна болка, а на почетокот кожата е многу црвена. Важно е веднаш да преземете нешто.
Најпрво исушете го смрзнатото место, но немојте да го триете – со ова можете да ја влошите состојбата.
Додека сте надвор, заштитете го местото со чиста газа или ткаенина.
Следно, важно е да го стоплите местото. Загрејте вода – идеално околу 40 степени Целзиусови.
Држете го смрзнатото место во водата. Ако водата се излади, додајте топла и правете го ова додека не забележите дека се нормализира бојата на кожата.
Побарајте медицинска помош најбрзо што можете.
Панталони како елек за спасување
Ако се најдете среде море или океан, важно е да можете да се одржите на површина без да ја истрошите целата енергија.
За оваа цел можете да си направите вид елек за спасување ако носите панталони. Ова е трик од американската воена морнарица.
Подврзете ги ногавиците и соберете што е можно повеќе воздух во нив. Протнете ја главата помеѓу ногавиците, а со рацете држете ги панталоните „затворени“ за да не излезе воздухот.
Одвреме-навреме прскајте ги панталоните со вода и на делот кој е над површината за да ги оджрете влажни.
Важно е да знаете дека вториот чекор е проблематичен и најверојатно ќе треба да го повторите неколкупати, но не се откажувајте.
Што да направите ако не ви работат кочниците?
Веднаш штом ќе забележите дека кочниците не функционираат како што треба, вклучете ги четирите трепкачи. Почнете и да свирите за другите возачи и пешаците да знаат дека доаѓате.
Пробајте да закочите со рачната кочница, но имајте на ум дека ако се движите со голема брзина, ова може да не функционира, но колку-толку ќе го забави автомобилот.
Ако сте на автопат, кога автомобилот малку ќе забави, доближете се до оградата покрај автопатот за дополнително да го забавите.
Точно, ќе го изгребете автомобилот, но барем ќе застанете.
Како да обиете врата, кога сте во опасност и ситуацијата е итна?
Ако сте во ситуација кога мора да обиете врата, не ги користете триковите од филмовите бидејќи само ќе се повредите.
Наместо тоа, силно удрете ја вратата со ногата во близина на бравата.
Спирова С. | Црнобело