Расипани кочници, напад од диви животни: Совети кои ќе ви помогнат во опасни ситуации

Што да направите ако сте нападнати од мечка, како да третирате изгореница од медуза и што да правите ако кочниците на автомобилот не ви работат? Сите треба да знаеме како да се справиме со некои ситуации, дури и ако никогаш не се соочиме со нив.

soveti-shto-mozhat-da-vi-bidat-korisni-vo-opasni-i-nepredvidlivi-situacii-01.jpg

Не губите ништо ако знаете како да се справите со опасни и непредвидливи ситуации.

Иако шансите да се најдете во ваква ситуација се релативно мали, секогаш е подобро да бидете подготвени.

Совети што ќе ви бидат корисни:

Третирање изгореници од медузи

Ако ве опече медуза, веднаш излезете од водата. Ако на опеченото место има остатоци од медузата, отстранете ги, најдобро со ракавица или нешто што ќе ви ја заштити раката.

Потоа држете го опеченото место во топла вода или туширајте се 20-тина минути со пожешка вода.

Ако раната е мала, можете да ја третирате дома – секој ден дезинфицирајте го местото и ставајте чиста и студена облога.

Ако станува збор за посериозна изгореница, веднаш одете на лекар.

soveti-shto-mozhat-da-vi-bidat-korisni-vo-opasni-i-nepredvidlivi-situacii-02.jpg

Како да преживеете напад од ајкула?

Најпрво, многу е важно да останете смирени – ако мавтате премногу со рацете и нозете можете да ја испровоцирате ајкулата.

Потоа, не ја испуштајте ајкулата од вид за да не може да ви се прикраде.

Доколку морате да се одбраните, фокусирајте се на чувствителни места, како очите и жабрите.

Исто така, ако со вас имате каков било предмет – маска за нуркање, штица за сурфање и слично – искористете го наместо рацете и нозете за да се одбраните.

Ако успеете да ја избркате ајкулата, веднаш тргнете кон брегот, но што е можно посмирено.

soveti-shto-mozhat-da-vi-bidat-korisni-vo-opasni-i-nepredvidlivi-situacii-03.jpg

Како да преживеете напад од мечка?

Ако се сомневате дека во ваша близина има мечка, правете врева – викајте, пејте гласно, свирете… Со ова е поверојатно мечката да се исплаши и да се оддалечи од вас.

Зад вас никако не оставајте храна, бидејќи со ова е поголема веројатноста да привлечете мечка.

Ако сепак се соочите со мечка, мора да обрнете внимание за каква мечка станува збор.

Кога станува збор за кафеава мечка, немојте да бегате и не ја гледајте мечката во очи, туку почнете бавно да се оддалечувате кон назад. Ако мечката проба да ве нападне, легнете стуткани на земјата и чекајте додека животното не си замине.

Додека сте на земја, бидете во положба со која ќе ги штитите главата и стомакот.

Ситуацијата е многу поразлична ако се соочите со црна мечка. Во овој случај никако не легнувајте на земја за да се преправате мртви, бидејќи мечката речиси сигурно ќе ве нападне.

Наместо тоа, пробајте да изгледате поголемо и позастрашувачки – кренете ги рацете, изгледајте самоуверено.

Ако мечката ве нападне, немојте да бегате бидејќи дефинитивно ќе ве стигне. Наместо тоа потрудете се да ја ударите на чувствително место. Бранете се додека мечката не се откаже и избега.

soveti-shto-mozhat-da-vi-bidat-korisni-vo-opasni-i-nepredvidlivi-situacii-04.jpg

Што ако некој се обиде да ви го украде автомобилот?

Најважното во оваа ситуација е да не си го ризикувате животот со надеж дека ќе го спасите автомобилот. Главната цел треба да ви биде да излезете од него и да избегате.

Ако во автомобилот има некој друг, како деца, наредете им веднаш да излезат.

Ако вие сте на возачкото седиште, а крадецот проба да влезе од другата страна, искористете го овој момент – излезете од автомобилот и избегајте.

Ако проба да влезе од возачката страна и ви рече да се преместите на совозачкото седиште, повторно искористете го овој момент да избегате.

soveti-shto-mozhat-da-vi-bidat-korisni-vo-opasni-i-nepredvidlivi-situacii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg