Имала ларви на рана, нашла тела на други патници: Како 17-годишна девојка преживеала 11 дена сама во џунгла, по авионска несреќа?

Најпрво Џулијан нашла мал поток од кој се напила вода и кој решила да го следи со надеж дека ќе налета на населено место.

Во наредните неколку денови, раните на раката ѝ се инфицирале, а на нив се појавиле и ларви.

„До денес се чудам како е можно толку многу ларви да ги собере во мало дупче – не беше поголемо од монета од едно евро“, откри Џулијан во интервју за CNN.

na-17-godini-rezhiveala-11-dena-povredena-i-sama-vo-dzhungla-po-pad-od-3-000-metri-ludata-prikazna-na-dzhulijan-kepke-06.jpgЏулијан со остатоците од авионот, фотографирана околу 1990-тите

Додека го следела потокот, кој постепено се претворал во река, Џулијан налетала на туба со бензин, па си ја полила раката со него за да ја дезинфицира.

Истовремено, нашла и неколку тела на патниците од авионот.

„Бев преплашена. Не сакав да ги допрам, но сакав да се осигурам дека мајка ми не е помеѓу нив“.

na-17-godini-rezhiveala-11-dena-povredena-i-sama-vo-dzhungla-po-pad-od-3-000-metri-ludata-prikazna-na-dzhulijan-kepke-11.jpgЏулијан со остатоците од авионот, фотографирана околу 1990-тите

За да ги избегне предаторите на копно, Џулијан пливала низ реката. Но, и во овој случај не била потполно безбедна бидејќи во повеќето реки во Амазон има пирани, влекачи и други опасни животни.

Покрај тоа, поради сонцето се здобила со сериозни изгореници.

na-17-godini-rezhiveala-11-dena-povredena-i-sama-vo-dzhungla-po-pad-od-3-000-metri-ludata-prikazna-na-dzhulijan-kepke-123.jpgЏулијан со остатоците од авионот, фотографирана околу 1990-тите

Џулијан немала храна, освен пакување слатки што го нашла од авионот. Па, секој ден силата ѝ се намалувала.

По 10 дена, Џулијан забележала мал брод и со последни сили отишла на брегот. Се надевала дека ќе најде луѓе, но наоколу немало никој.

Џулијан преноќила покрај бродот и, за среќа, следното утро – 3-ти јануари – била најдена од тројца рибари.

na-17-godini-rezhiveala-11-dena-povredena-i-sama-vo-dzhungla-po-pad-od-3-000-metri-ludata-prikazna-na-dzhulijan-kepke-08.jpgЏулијан кратко по спасувањето

Откако била спасена, Џулијан дознала дека е единствениот преживеан од 92 патника. Помеѓу загинатите била и нејзината мајка.

na-17-godini-rezhiveala-11-dena-povredena-i-sama-vo-dzhungla-po-pad-od-3-000-metri-ludata-prikazna-na-dzhulijan-kepke-09.jpgЏулијан во болница во Перу со татко ѝ, по спасувањето

Џулијан вели дека до денес не може да им верува на пилотите и дека кога мора да лета со авион, внимателно го слуша секој звук и се плаши дека е нешто лошо.

Во 1999 година беше издаден и германски документарец за искуството на Џулијан – Wings of Hope (германски Julianes Sturz in den Dschungel)

na-17-godini-rezhiveala-11-dena-povredena-i-sama-vo-dzhungla-po-pad-od-3-000-metri-ludata-prikazna-na-dzhulijan-kepke-10.jpg

na-17-godini-rezhiveala-11-dena-povredena-i-sama-vo-dzhungla-po-pad-od-3-000-metri-ludata-prikazna-na-dzhulijan-kepke-07.jpg

na-17-godini-rezhiveala-11-dena-povredena-i-sama-vo-dzhungla-po-pad-od-3-000-metri-ludata-prikazna-na-dzhulijan-kepke-04.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg