8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно
Закачување тоалетна хартија
Постои дебата за тоа како правилно се закачува тоалетната хартија.
Правилниот начин е илустриран подолу. Овој начин е подобар бидејќи крајниот дел на тоалетната е подалеку од ѕидот и нема потреба да го допирате. А, сите знаеме дека на ѕидот во бањата секогаш има бактерии.
Миење раце
Средствата за дезинфекција се одлични кога сте излезени од дома, но не треба да заменуваат миење раце.
Овие средства содржат алкохол кој може да ви ја исуши кожата.
Па, секогаш кога имате можност, измијте ги рацете.
Туширање
Сите сакаме да се тушираме долго, но ако често го правиме ова, можеме да ѝ наштетиме на кожата, особено како користиме жешка вода.
Генерално, туширањето не треба да ви трае подолго од 7-10 минути.
Грешки по вежбање во теретана
По вежбање, избегнувајте да се туширате со жешка вода. Студената вода ќе ви помогне да ги релаксирате мускулите и да ја намали болката.
Покрај тоа, немојте да гладувате по вежбање – храната е потребна за организмот да закрепне. Препорачливо е да изедете храна со протеини или малку јаглехидрати најмногу половина час по вежбање.
Спирова С. | Црнобело