25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години
14. Учете нешто ново секој ден – учењето е одлична вежба за мозокот, кој може да „закржлави“ ако се препуштите на познатите рутини.
15. Одморете се пред да се преморите – не се доведувајте во ситуација да се изморите толку многу, што ни еден месец одмор нема да ви помогне да ги наполните батериите и да се ресетирате.
16. Не ги осудувајте другите.
17. Размислувајте и за доброто на другите, не само за себе.
18. Давајте без да очекувате ништо за возврат.
19. Не постои крајна цел никогаш во ништо – уживајте во животниот пат што е пред вас.
20. Уживајте во малите нешта.
21. Не се однесувајте премногу сериозно – важно е да се забавувате и да уживате во животот, а не само да размислувате како ќе ве перципира околината.
22. Не ги обвинувајте другите луѓе ни за нивните ни за вашите грешки. Ако се обидувате да ги казните, единствено вие ќе се чувствувате неубаво и негативно.
23. Создадете нешто, оставете наследство за идните генерации.
24. Не гледајте предолго назад. Минатото не може да се врати, а може да ве повлече во бездна ако е неубаво.
25. Постојано делувајте и направете нешто за себе наместо само да седите.