25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години
Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во светот. Не треба да им робувате ни на парите ни на предметите.
Писателот Дариус Форо во книгата Win Your Inner Battles, мотивира, но и открива кои се 25-те работи за животот за кои вели дека би сакал да ги знае пред 10 години.
Прочитајте што вели Форо во својата книга:
1. Борбата е добра – не се откажувајте. Никогаш не велете „Не можам да издржам“, туку речете „Животе, да видам што уште можеш да ми сервираш“.
2. Не се жалете – жалењето е најзалудно потрошено време.
3. Поминувајте повеќе време со луѓето што ги сакате.
4. Не почнувајте врска ако не сте заљубени.
5. Вежбајте секој ден – ако имате силно и здраво тело, ќе можете да постигнете сè во животот.
6. Водете дневник – верувајте ова не е само за деца. Дневникот ви помага да размислувате подлабоко на теми кои ве мачат или ве прават среќни.
7. Бидете благодарни и кажувајте им „фала“ на сите.
8. Не се грижете за тоа што мислат другите за вас.
9. Преземајте ризици – понекогаш е важно да бидете храбри наместо да „играте“ на сигурно.
10. Изберете професија, не работа – така ќе можете да менувате ако нешто не ви се допаѓа, но и да напредувате.
11. Бидете лидер – во ситуација кога сите очекуваат од другиот да преземе нешто, бидете лидер кој ќе ги придвижи работите напред.
12. Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во светот. Не треба да им робувате ни на парите ни на предметите.
13. Бидете фини и културни, секому кажете му по некој убав збор.