8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна
Прифатете го своите обврски и прифатете ја својата иднина
Вие не сте одговорни за траумата што ја преживувате. Но, сепак имате одговорност со своето однесување да не ги повредувате луѓето околу себе поради нешто што ви се случило вам.
Никогаш нема да можете да ја контролирате својата иднина ако дозволите вашата сегашност да ја контролира нешто што се случило во минатото.
Тоа што се случило вчера можеби не зависело од вас, но од вас зависи како се однесувате денес.
Квалитетот е поважен од квантитетот
Во животот е поважен квалитетот од квантитетот.
Еден квалитетен пријател вреди повеќе од 100 познаници.
Една квалитетна врска е подобра од 100 безначајни.
Едно квалитетно искуство ќе ви донесе повеќе од 100 пијани ноќи.
Бајките нема да ве направат среќни
Ако се опседнувате со работи за кои околината вели дека треба да ги направите, никогаш нема да сте среќни.
Не ги слушајте лажните бајки за тоа каков треба да е вашиот живот.
Не мора да се запишете на факултет на 18, да се вработите на 21, да се венчате до 25 или да станете родители пред да наполните 30 години.
Секој е различен, па различен е и патот до вашата среќа.
Забавувајте се
Ако сакате да уживате во животот, немојте да се водите од работите што им се забавни на другите. Забавата не мора да значи одење на журки, опивање, социјализирање.
Забавно може да ви биде и ако останете дома, читате книга, одите на прошетка, разговарате со некого, слушате музика...
Вашиот начин на забава зависи само од вас и никој друг.
А. Ј. | Црнобело