Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија
Иконата на Пресвета Богородица, Трубарево
Мироточењето на иконите е многу голема тајна. Тоа се случувало во минатото, се случува сега и ќе се случува во иднина.
Најчесто не се зборува за тоа јавно, и се остава тој вид на чудо да се рашири низ верниците.
Едно од последните знајни случаи за мироточење на икона се случи во 2017 година во црквата Свети Георги во село Трубарево. Имено, иконата на Пресвета Богородица почнала ненадејно да мироточи.
Според искуствата од претходни случаи на мироточење, знаеме дека мироточењето на икона е предзнак или предупредување за нешто за во иднина. Ако капките се бистри тоа е добар знак, а ако се матни - тоа е лош.
Во случајот со иконата на Пресвета Богородица, мироточењето беше бистро, па затоа верниците пристапуваа да ја целиваат иконата, а со тоа и да земат благослов и со голема верба да се излечат од некоја болест која ја имаат.
После мироточењето, иконата се смета за исцелителна, и токму поради тоа оваа црква до ден денес е многу посетена.
Свети Кузман и Дамјан, село Говрлево
Црквата Свети Кузман и Дамјан се наоѓа во скопското село Говрлево.
Изградбата на оваа мала црквичката изградена 1936 година се поврзува со една легенда, во која на некој човек му се сонило дека на местото каде што извира водата треба да се изгради црква, додека со водата луѓето требало да си ги лечат болестите.
Друга легенда вели дека уште во 6 век, Јустинијан Први тука го нашол лекот за својата болест.
И, токму поради тоа црквата е позната - изворот со лековита вода.
На неколку метри од црквичката се наоѓа уште една чешма. Луѓето ја нарекуваат „вода за подмладување“, оти како што се раскажува, благодарение на водите, овде луѓето најчесто умираат од старост, а не од некоја болест.
Лековита чешма, Велес
Повторно патуваме за Велес, каде се наоѓа една мистериозна чешма.
Чешмата се наоѓа во стариот дел на градот Велес, на улицата Максим Горки (или местото познато како Долни Дуќани).
Првото чудо кое се случило е од 1974 година, поврзано со Трајанка Тасеска од Прилеп која живеела со својот сопруг и со неподвижниот син.
На сон ѝ се јавил глас кој убаво ѝ објаснил дека на една од градските улици во Велес, помеѓу три цркви, има запуштена чешма. Во сонот сликата била јасна, и местото се гледало чисто и убаво.
Следниот ден кога се разбудила била во шок. Имала и строг сопруг, па не сакала да му каже веднаш. Поминало време па го подзаборавила сонот.
Сонот повторно се повторил по некое време. Тогаш се решила, му кажала на сопругот и веднаш заминала за Велес.
Успеала за брзо време да ја најде чешмата, бидејќи била иста како во сонот. Решила да остане во Велес некое време за да го исчисти местото. Тогаш тој дел бил обраснат со трева и грмушки, и покриен со земја.
Спиела понекогаш во хотел, понекогаш во некое преноќевалиште. Ама успеала да ја исчисти и среди.
Откако завршила, им кажала на соседните куќи зошто дошла - за сонот и за маката за неподвижниот син.
Пред тргнување се измила од чешмата. Веднаш штом стигнала дома, ја пречекал шок. Убав шок. Нејзиниот син бил застанат на две нозе.
Чешмата уште стои и, откако се раширило ова сведоштво, доаѓаат луѓе од цела земја. Се раскажува помеѓу соседите дека секој кој се измил од водата, си заминувал среќен, променет, радосен.
Ова се само еден мал дел од чудата кои се случуваат во исто така мал дел манастири, цркви и извори во нашата Македонија.
Останува да истражуваме уште места. Од Скопска Црна Гора, до Гевгелија, од исток до запад, и околу цела држава.
Нѐ очекуваат скриени места кои исцелуваат да бидат откриени, да бидат пренесени на народот. За спасение, за мир, за радост.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
К. А. | Црнобело