10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години)
Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци, на 73 години со ин витро оплодување и донирани јајце-клетки. Таа се породи со царски рез.
Можеби мислиме дека по менопауза, една жена не може да стане мајка, но благодарение на напредокот во медицината, ова повеќе не е точно.
Со ин витро оплодување и донирање јајце-клетки, жените можат да станат мајки и по 70-тиот роденден.
Сепак, мора да се земе предвид фактот дека колку е повозрасна жената, толку е поризична бременоста.
Но, и покрај големиот ризик, некои жени успеале да родат многу, многу доцна во животот.
Дел од најстарите родилки во светот:
Ерамати Мангама
Моментално, Ерамати е најстарата жена која родила дете.
Таа потекнува од Индија во 1946 година, а во 2019-та, на 73-годишна возраст, остана бремена.
Ерамати зачнала со ин витро оплодување и донирани јајце-клетки. Таа се породи со царски рез и доби близнаци.
Праба Деви
Не е позната точната возраст на Праба Деви од Индија, но таа сепак е една од најстарите, а можеби и најстарата жена која родила.
Праба доби ќерка во 2019 година и тогаш тврдеше дека има 75 години. Сепак, немала документи за да ја докаже возраста, а лекарите претпоставуваат дека на денот на породувањето имала 72 години.
Како Ерамати, и таа забременила со ин витро со донирани јајце-клетки.
Далџиндер Каур
Уште една жена од Индија која родила на 72-годишна возраст.
Како останатите, и Далџиндер забременила со ин витро и донирани клетки, и во 2014-та доби син.
Радо Деви Лохан
Своевремено, Раџо Деви Лохан од Индија беше најстарата родилка во светот.
Таа се породи во 2008-ма, на 70-годишна возраст.
На 66-годишна возраст, пак, Раџо роди тројка и до денес важи за најстарата жена која добила тројка.
Лин Меј
Лин Меј е родена во Мексико, но има кинеско потекло и во 1970-тите и 1980-тите беше популарна танчарка и актерка.
Во 2021-ва, кога имаше 68 години, таа соопшти дека е бремена.
Лин Меј забремени со ин витро, а таткото на детето е нејзиниот 30-годишен дечко.