Мајка ѝ ја лажела дека има леукемија, ја терала да користи инвалидска количка: Морничавата приказна за Џипси Роуз

Во 2009-та, кога Џипси имала 18 години, властите добиле анонимен повик од личност која тврдела дека девојчето не е воопшто болно.

Диди и Џипси биле посетени од надлежни лица, но мајката успеала да ги убеди дека ја кажува вистината.

Диди почнала да лаже и за возраста на ќерка си, па дури и нелегално ѝ ја променила годината на раѓање во изводот за да изгледа дека е помлада.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-13.jpg

Џипси веќе била свесна дека она што го прави мајка ѝ не е во ред, па почнала да бара начин да избега од пеколот.

Во 2011-та, Џипси избегала од дома со помош на маж што го знаела од претходно. Таа му кажала дека некогаш мајка ѝ ја удирала, но и ја изгладнувала.

Диди успеала да ја лоцира ќерка си, го убедила мажот дека е малолетна (без разлика што тогаш имала 19 години), ја однела дома и ја врзала за нејзиниот кревет.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-08.jpg

Но, Џипси не се откажувала. Откако успеала да допре до интернет пристап, Џипси направила профил на сајт за состанување каде што го запознала Николас Годџон.

Таа му раскажала сè за ситуацијата со мајка ѝ и, на крај, го замолила да дојде и да ја убие.

Во јуни 2015 година, Николас дошол во домот на Џипси и ја избодел мајка ѝ, додека таа чекала во тоалетот.

Двајцата се скриле во домот на Николас, но биле пронајдени набрзо потоа.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-02.jpg

Кога јавноста дозна за бизарниот случај, многумина сочувствуваа со Џипси, но сепак се прашуваа зошто морала да ја убие мајка си и зошто, едноставно, не ги разоткрила нејзините лаги.

На ова, Џипси изјави:

„Не можев само да станам од инвалидската количка бидејќи се плашев, не знаев што ќе ми направеше мајка ми. Немав личност на којашто можев да ѝ верувам“.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-03.jpg

Според Џипси, мајка ѝ постојано ја надгледувала, не ѝ дозволувала да оди на училиште и ги лажела сите дека има застој во менталниот развој.

На судењето во 2016-та, Џипси го призна убиството и доби 10-годишна казна затвор. Во 2024 година ќе може да поднесе барање за условно ослободување.

Николас, пак, доби доживотна казна затвор на судењето кое се одржа во 2018 година.

ja-lazhela-deka-ima-leukemija-ja-terala-da-koristi-invalidska-kolichka-mornichavata-prikazna-za-devojka-koja-ja-ubila-majka-si-09.jpg

Подоцна Џипси изјави дека дури по смртта на мајка ѝ сфатила колку сериозна била целата ситуација. Имено, дури и таа ѝ поверувала дека има леукемија.

Во 2017-та беше издадени документарец за бизарниот случај – Mommy Dead and Dearest.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg