Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на Наталија Грејс

Голем дел од 2011 година Наталија одела кај разни психијатри, а извесен период отседнувала и во психијатриска установа.

Токму од установата, парот добил информации дека Наталија признала дека е многу, многу постара и само сакала да го трауматизира семејството бидејќи ѝ било забавно.

Со текот на времето се вмешала и полицијата која пробувала да открие како Наталија дошла од Украина во САД со лажни документи.

par-posvoil-vozrasna-zhena-so-dzhudzhest-rast-gi-lazhela-deka-e-dete-se-zakanuvala-deka-kje-gi-ubie-bizarniot-sluchaj-na-natalija-grejs-09.jpg

Во 2012-та, Кристин и Мајкл успеале легално да ѝ ја променат годината на раѓање на Наталија. Според новите документи, таа била родена во 1989 година, што значи тогаш имала 22 години.

А, бидејќи ова значело дека е полнолетна, семејството решило да се дистанцира од неа.

Кристин, Мајкл и нивните биолошки деца се преселиле во Канада. На Наталија ѝ изнајмиле стан за цела година и ѝ помагале да се издржува, но од далечина.

Во 2014 година, Наталија била избркана од станот бидејќи никој не плаќал кирија. Но, во меѓувреме, за неа почнала да се грижат двајца соседи – Антвон и Синтија Манс.

par-posvoil-vozrasna-zhena-so-dzhudzhest-rast-gi-lazhela-deka-e-dete-se-zakanuvala-deka-kje-gi-ubie-bizarniot-sluchaj-na-natalija-grejs-10.jpgНаталија (доле десно) и Синтија (горе лево) и нејзините деца

Тие верувале дека Наталија е дете, па во 2016-та поднеле барање повторно да се смени годината на раѓање во нејзините документи, како и барање да станат нејзини старатели.

Кристин и Мајкл поднеле приговор и барањето на парот не било исполнето.

par-posvoil-vozrasna-zhena-so-dzhudzhest-rast-gi-lazhela-deka-e-dete-se-zakanuvala-deka-kje-gi-ubie-bizarniot-sluchaj-na-natalija-grejs-08_copy.jpgНаталија (доле лево) со Антвон и неговите деца

Наталија продолжила да живее со Антвон и Синтија. Во 2019-та, пак, Кристин и Мајкл беа обвинети за негрижа и напуштање на дете.

Истата година и двајцата беа ослободени со кауција од околу 5.000 долари, а до денес тврдат дека ја кажуваат вистината.

Најлудото во целата приказна е што уште никој не знае колку години има Наталија.

par-posvoil-vozrasna-zhena-so-dzhudzhest-rast-gi-lazhela-deka-e-dete-se-zakanuvala-deka-kje-gi-ubie-bizarniot-sluchaj-na-natalija-grejs-11.jpgКристин и Мајкл

Наталија вели дека била само дете кога ја напуштило првото семејство што ја посвоило, како и дека има доказ за тоа. Но, овие докази не се достапни за јавноста.

Како што спомнавме претходно, и документите што ги поседува агенцијата за посвојување исто така не се достапни за јавноста.

Истовремено, во 2019-та Daily Mail пронајде жена која тврдеше дека е биолошката мајка на Наталија. Според неа, Наталија навистина е родена во 2003 година во Украина и била присилена да ја напушти.

Но, според некои извори, кога од неа побарале да се направи ДНК тест за да се потврди дека ѝ е мајка, жената престанала со давање изјави и се повлекла од јавноста.

Неколку години претходно бил направен друг тест за одредување возраст кој покажал дека Наталија најверојатно е неколку години постара отколку што тврди, но дека сигурно не е возрасна, како што тврдат Мајкл и Кристин.

par-posvoil-vozrasna-zhena-so-dzhudzhest-rast-gi-lazhela-deka-e-dete-se-zakanuvala-deka-kje-gi-ubie-bizarniot-sluchaj-na-natalija-grejs-06.jpg

Случајот до денес „се влече“ низ американските судови и нема конкретен одговор за возраста на Наталија.

Кристин и Мајкл се ослободени од сите обвиненија бидејќи, според документите, Наталија е возрасна личност.

par-posvoil-vozrasna-zhena-so-dzhudzhest-rast-gi-lazhela-deka-e-dete-se-zakanuvala-deka-kje-gi-ubie-bizarniot-sluchaj-na-natalija-grejs-04.jpgКристин и Мајкл

Неодамна телевизијата Investigation Discovery објави и документарец за бизарниот случај на Наталија Грејс. Во документарецот зборуваат самите Кристин и Мајкл, но никој не нуди цврсти докази за она што го зборува.

Што значи, додека случајот да се реши, на вас останува дали ќе ѝ верувате на Наталија или на парот што ја посвоил.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg