10 несекојдневни бон-тон правила во Јапонија (што можеме да ги примениме и ние)
Немојте да носите ранец во јавен превоз
Ако носите ранец, мора да го симнете од грбот и да го фатите во рака пред да влезете во јавен превоз.
Причината за ова е очигледна – со ранецот на грбот ќе зафаќате повеќе простор и ќе им пречите на другите патници.
Дефинитивно, ова е правило кое треба да почнеме да го применуваме и ние.
Немојте да давате пари без плик
Освен ако не плаќате во продавница, ресторан и слично, никако немојте да давате пари кои не се ставени во плик.
За Јапонците ова е засрамувачко.
Немојте да се задржувате во ресторан
Во Македонија сите имаме навика да седиме во ресторан и цел час откако ќе завршиме во оброкот.
Во Јапонија ова е неучтиво. Односно, треба да станете од масата веднаш штом ќе завршите со јадење за другите гости да не ве чекаат.
Ако влезете први во лифтот, вие треба да го управувате
Јапонците имаат бон-тон правила и за во лифт.
Оној кој ќе влезе прв е должен да ги прашува другите до кој кат сакаат да одат, и тој да ги притисне копчињата.
Освен ова прашање, не е учтиво да почнувате разговор за нешто друго, ниту да зборувате на телефон ако во лифтот има и некој друг.
Внимавајте на однесувањето дури и на вашата тераса
Во Јапонија секогаш мора да ги земате предвид другите луѓе, дури и кога сте на вашата тераса.
Ова значи дека на терасата не треба да правите ништо што може да го наруши туѓиот мир, како гласно зборување или пуштање музика.
Спирова С. | Црнобело