10 несекојдневни бон-тон правила во Јапонија (што можеме да ги примениме и ние)
Покажувањето со прст е неучтиво, исто како и седењето во ресторан откако ќе завршите со оброкот. Кои други бон-тон правила се секојдневие во Јапонија (а можат да бидат корисни и кај нас)?
Начинот на однесување на Јапонците е многу поразличен од нашиот. Тие се учтиви без разлика со кого разговараат и секогаш ги земаат предвид луѓето околу нив.
Јапонски бон-тон правила (кои можеме да ги примениме и ние):
Немојте да јадете од чиниите во кои е сервирана храната
Кај нас е најнормално да јадеме помфрит, салата и слично од големата чинија во која е сервирана храната, особено ако сме со луѓе кои ни се блиски.
Но, во Јапонија ова е неучтиво.
Без разлика за каква храна станува збор, прво треба да си ставите во вашата чинија, па потоа да јадете.
Има неколку видови поклонување
Сигурно сте забележале дека Јапонците се поклонуваат, дури и кога се поздравуваат со личност која им е блиска. Но, знаевте ли дека има разни видови поклонување?
Постојат три главни вида поклонување во Јапонија – eshaku, keirei и saikeirei – кои се разликуваат по степенот на кој се наведнувате, но и времетраењето.
Eshaku е неформално поклонување, односно за луѓе кои ви се блиски или кои се со ист статус како вашиот. Во овој случај треба да се наведнете под агол од 15 степени, во период од секунда-две.
Keirei е поклонување кое се користи помеѓу колеги и надредени/вработени. Треба да се наведнете под агол од 30 степени и да останете во положбата малку подолго.
Saikeirei се користи ако се поздравувате со постари лица, но и луѓе со важен статус. Треба да се наведнете под агол од 45 степени и да останете подолго во положбата за да покажете почит.
Стапчињата се користат само за јадење
Ако ги користите стапчињата за да покажете кон нешто, за фаќање предмети или за да си играте со нив, покажувате големо непочитување кон јапонската култура.
Стапчињата се само за јадење и ништо друго.
Немојте да покажувате со прст
Кај нас е сосема нормално да покажете со прст кон нешто, па и кон некого.
Во Јапонија, од друга страна, ова се смета за агресивен гест.
Немојте да изгледате неодлучно кога јадете
Односно, немојте да ја „чепкате“ храната со стапчињата (или приборот) како да не сте гладни.
Со ова покажувате непочитување кон готвачот или домаќинот.