Најголемите мистерии во Србија - вонземјани, вампири, скриени богатства
Ртањ, НЛО и телепортирања
Следна е планината Ртањ за која кружат неколку легенди.
Ако погледнете оддалеку, ќе забележите дека планината потсетува на пирамида. Научно-фантастичниот писател Артур Ц. Кларк верувал дека под оваа планина се крие пирамида, односно стара формација на вонземска цивилизација.
Некои други љубители на научната фантастика се сигурни дека планините кријат вселенски брод што ќе одлета пред крајот на светот, а секој што ќе се најде таму во моментот, ќе може да оди во вселената на некое далечно и убаво место.
Поради тоа, кон крајот на 2012 година, во пресрет на претстојната Апокалипса (која беше поврзана со Мајанскиот Календар), луѓе од целиот свет платија огромни суми пари за сместување на планина.
Локалното население е убедено дека има богатство во пештерите и во планината.
Легендата вели дека на врвот на планината живеел волшебник и тој чувал огромно богатство. Оваа планина е поврзана со приказната за богатото еврејско семејство Мин, кое ја поседувало фабриката за ткаенини Парацин, а подоцна и солениот рудник за јаглен.
Јулиус Мин се самоуби под сосема мистериозни околности, а неговата сопруга Грета изгради мала црква-парклис на врвот на планината Ртањ. Параклисот бил срамнет со земја во потрага по скриени богатства.
Постои и документиран случај како Германците за време на Втората светска војна, пронашле Грк на планината, кој тврдел дека не знае како се нашол таму, бидејќи последното нешто на кое се сеќавал е дека ги носел своите овци на пасиште во родниот крај.
Вампири, митолошки суштества
Првите записи за постоење на вампири во Србија започнуваат некаде во 18 век, со појавувањето на морничави сведоштва за митски суштества од Балканот. Првото спомнување на вампирите е во пишан извор во австриското списание Vossiche Zeitung, број 98, објавено во 1725 година.
Списанието пишува за едно село Кисиљево во денешна Србија, но потоа и во Австрија, каде починал извесен Петар Благојевиќ, а по него, уште 10 луѓе во следните 24 часа.
Властите од Виена испратиле лекари и откриле дека Благојевиќ лежи во ковчегот жив и со крв на усните. Откако го прободеле со стап од глог, од телото, ушите и носот му излегла свежа црвена крв. Мештаните му го изгореле телото.
Најпознатата српска приказна за вампиризам се однесува на Сава Савановиќ, мелничар од селото Зарожје.
Легендата вели дека Савановиќ бил богат трговец кој се заљубил во многу помлада девојка. Тој ја запросил, но нејзиниот татко одбил токму поради разликата во години.
Оттогаш Сава се променил, станал намуртен и набргу потоа решил да ја убие девојката за да се одмазди. Ја застрелал во грб, а потоа неговиот брат кој бил со него се обидел да му го украде пиштолот.
На некој чуден и необјаснив начин Сава постанал вампир, а приказната вели дека тој во следните 99 години пиел крв од жителите околу воденицата на реката Рогачиќ.
Приказните за раните вампири во Србија се многубројни. На приказните за Благојевиќ и Павле (од Косово и неговите сведоштва за вампири) можете да ги додадете Сава Савановиќ, Милош Чечар и безброј други. Вампирската лудост што ја зафати северна Србија се прошири низ светот, што доведе до легендарни приказни од перото на Брам Стокер, Стивен Кинг и рој други автори.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
К. А. | Црнобело