12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието
-->
Трик 1: За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрзнувач. Трик 2: Ако немате звучник, ставете го телефонот во длабока чинија која ќе го засили звукот. Неколку трикови за сè и сешто што ќе ви се најдат во секојдневието.
Постојат мали проблеми со кои се соочуваме скоро сите. Иако овие проблеми се далеку од сериозни, сепак можат да бидат иритирачки.
-->
Во продолжение 12 трикови за секојдневните проблеми:
Ако ви падне телефонот од раце, не пробувајте да го фатите бидејќи веројатно нема да успеете. Наместо тоа потрудете се да падне врз вашето стапало – вака шансите да се скрши се многу помали.
Ако одите на планинарење сами, на непознато место, за да не залутате многу, почнете да се враќате назад кога ќе испиете половина од водата што ја носите. Со ова ќе се осигурате дека нема да останете сами и без вода среде планина.
Немојте да ги миете печурките бидејќи апсорбираат многу вода, а ова ќе влијае врз вкусот. Наместо тоа, темелно избришете ги со влажен хартиен бришач.
Ако позајмувате нешто на некого (и не сте сигурни дека ќе ви го врати), фотографирајте го пред да му го дадете. Кога ќе ја видите фотката, ќе се потсетите дека треба да си го побарате предметот назад.
-->
-->
Ако ви падне парче лушпа во јајцето, најлесно ќе ја извадите со поголем дел од лушпата од јајцето, наместо со виљушка или прст.
-->
Пред да одите на настан со многу луѓе со вашите деца, фотографирајте ги со облеката што ќе ја носат. Во случај да се изгубат, ќе можете да ја покажете фотографијата на другите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви
„Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец
Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее)
„Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден
Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ...
„Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков
Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
-->