7 знаци дека сте токсична личност (и како да го промените тоа)
Неучтиви сте
Дали се разгневувате лесно? Дали почнувате да им викате на сите околу вас кога не се задоволени сите ваши потреби?
Како се однесувате со продавачи, келнери и слично?
Ова однесување потекнува од лична фрустрација, од незадоволството што го чувствувате кон себе. Па, размислете што е она што не ви се допаѓа кај вас.
И, пробајте да бидете подобри со другите – не губите ништо.
Се однесувате како „емоционален вампир“
Луѓето кои им ја крадат позитивната енергија на другите се нарекувани „емоционални вампири“.
Тие постојано зборуваат само за себе и нивните проблеми, но не ги прифаќаат советите и помошта од саканите.
Само сакаат да ја „истурат“ негативна енергија врз некого за да се чувствуваат подобро.
Иако треба да разговарате со саканите за вашите проблеми, размислете дали секој разговор е всушност жалење од ваша страна.
Размислете дали вие ги слушате нивните проблеми, или мислите само за себе.
Оваа токсична карактеристика неретко потекнува од ниската самодоверба, па поработете на тоа.
Се прашувате дали сте токсични
Ако сте токсична личност, длабоко во себе веројатно сте и свесни за тоа.
Или, можеби, не сте токсична личност, но сте забележале дека покажувате некои токсични карактеристики.
Како и да е, штом и самите се сомневате, значи треба да поработите на себе.
Како да се ослободите од токсичните карактеристики?
Повеќето токсични карактеристики се резултат на траума од минатото, без разлика дали од родители, пријатели, романтични партнери или нешто друго.
Што значи, важно е да утврдите од каде потекнува желбата за вашето токсично однесување.
Штом ќе го најдете коренот на проблемот, ќе можете и да го решите.
Притоа, секогаш земајте ги предвид последиците од вашите постапки и пробајте да ги контролирате.
Спирова С. | Црнобело