Психолошки трикови со кои ќе си ја подобрите меморијата и ќе учите поефикасно
Поврзувајте ги информациите со нешто друго
Ако не можете да запомните некоја информација, пробајте да си ја поврзете со нешто друго.
На пример, доколку не можете да запомните кој ги открил законите на гравитацијата, поврзете си ја темата со јаболко - на сите им е добро позната приказната дека Њутн ја добил идејата додека гледал јаболка кои паѓаат.
Некогаш, пак, можете да користите и музика – за полесно да запомните некоја дефиниција, испејте ја според мелодијата на вашата омилена песна.
Во овој случај, нема никакви правила. Едноставно, поврзувајте си ги работите со она што ви одговара најмногу и што знаете дека ќе ве потсети на информацијата.
Краткото дремење може да биде од огромна корист
Покрај тоа што ја зголемува продуктивноста, дремката може да ви помогне и да запомните повеќе.
Истражување во кое учествувале речиси 3.000 испитаници покажало дека по дремка од 30-90 минути, меморијата значително се подобрува.
Па, ако забележите дека концентрацијата ви опаѓа, не двоумете се дали да дремнете.
Секако, важно е оваа дремка да не трае повеќе од 90 минути.
Истуширајте се
Самото туширање ќе ви помогне да се освежите и да ја зголемите концентрацијата, а со тоа и да бидете поефикасни во учењето.
Користете цртежи
Веројатно се сеќавате дека на часовите по физика и биологија редовно гледавме илустрации од разни концепти, органзими и слично.
И, сигурно многу полесно сте ги помнеле работите коишто сте ги виделе на цртеж или фотографија.
Ако учите некој покомплексен концепт, слободно претставете си го со цртеж за да ви стане појасен и за полесно да го научите.
Спирова С. | Црнобело