Расцветаа јапонските цреши во Скопје – Розова рапсодија во центарот на градот (фото)
Ако ги прашате скопјани, ќе ви кажат дека градот е убав во секој дел од годината. Но, најубав е кога центарот ќе стане розов од јапонските цреши.
Розови цветови, опоен мирис, малку сонце и тоа е доволно да го измами и локалното население, но и туристите да се прошетаат во центарот на Скопје и да се фотографираат покрај јапонските цреши.
И ако до лани „Максим Горки“ беше позната како „улицата на црешите“, сега и во околните улички има расцветани дрвја што ја прават глетката уште поубава.
Јапонските цреши почнаа да цветаат, но уште е рано за сите дрвја да бидат во полн сјај.
За неколку дена и нерасцветаните пупки ќе се отворат.
А Инстаграм, како и секоја година, ќе биде преплавен со прекрасни фотографии од рапсодијата во розово во центарот на Скопје.
Ако сè уште не бевте да ги видите, на следната страница погледнете уште фотографии од тоа како изгледа центарот на Скопје во моментов...