Благодатниот оган во Ерусалим – што значи и како ова чудо ме исцели после години страдање?

blagodatniot-ogan-od-erusalim-shto-znachi-i-kako-ova-chudo-me-isceli-posle-godini-stradanje-004.jpg

На крај, облакот се раздели, за само да пропушти неколку прекрасни зраци кои паднаа на сите нас и врз Стариот град. И, во тој момент почнаа да чукаат камбаните и да се прогласува дека Благодатниот оган пристигнал.

Во исчекување на тоа, сите ги стокмивме свеќите и чекавме некој да ни го донесе од црквата.

За неполни десетина минути, излета еден млад дечко низ портите и како со брзина на светлината, огнот се рашири на сите наши свеќи. Бевме сигурно над илјада луѓе пред портите.

Blagodatniot-ogan-od-Erusalim-shto-znachi-i-kako-ova-chudo-me-isceli-posle-godini-stradanje-06.jpg

И вистина е кога велат дека Благодатниот оган во првите минути не е топол и не може да те повреди, односно изгори. Го допираш со раката, и чувствуваш само мекост, како памук. Не те гори, не те повредува.

Таа прекраснотија, иако по милозвучност е нереална, навистина се случува. Тоа сеќавање секогаш ќе го чувам длабоко во срцето, близу до душата – на тој прекрасен Благодатен оган.

Кога појдов втората година (односно во 2018), искуството беше многу поразлично. Ерусалим го чувствував (и сѐ уште го чувствувам) како дом.

Понекогаш наидувам на исмејување кога ќе кажам дека чувството е како душата конечно да ти се враќа дома, онаму каде припаѓа, но навистина е така.

Blagodatniot-ogan-od-Erusalim-shto-znachi-i-kako-ova-chudo-me-isceli-posle-godini-stradanje-07.jpg

Втората година на Велика Сабота, исто се сместивме пред портата Јафа и чекавме. Но таа година, наместо бели гулаби, се појавија рој бели пеперутки. Летаа околу нас, над нас, насекаде.

Како предвесници на чудото кое се случува секоја година. Како некоја утеха и доказ дека и таа година Благодатниот оган ќе дојде како знак дека Бог е со сите нас на оваа земја.

Blagodatniot-ogan-od-Erusalim-shto-znachi-i-kako-ova-chudo-me-isceli-posle-godini-stradanje-08.jpg

Искуства и приказни поврзани за Благодатниот оган има многу. Доволно е да се најдат на Јутјуб или на одредени блогови и веб-страници.

Приказни слушнав и од луѓе кои ги запознав во Ерусалим, а слушнав и видов и сведоштва од луѓе кои решиле исто како мене да ја раскажат својата приказна. Сите имаат свои чуда, и свои прекрасни сеќавање па дури и исцеленија.

А, кое беше моето исцеление?

Во Ерусалим, јас за првпат си признав и си прифатив дека од мои 8 до мои 10 години бев сексуално злоставуван, приказна која ја раскажав тука.

И тогаш, во текот на тој мој аџилак во 2017 и 2018 година, јас се исцелив од сета таа темнина во мојот живот, со тоа што му простив на оној кој ме злоставуваше. А, со тоа и се ослободив.

Тоа беше моето чудо поврзано со Благодатниот оган.

Blagodatniot-ogan-od-Erusalim-shto-znachi-i-kako-ova-chudo-me-isceli-posle-godini-stradanje-09.jpg

Да го пречекаме Благодатниот оган и оваа година во нашите храмови, и да земеме од благодатта Небесна донесена преку Ерусалим.

За исцеление, простување. За да постанеме подобри од она што сме. Преку љубов да се обединиме.

Blagodatniot-ogan-od-Erusalim-shto-znachi-i-kako-ova-chudo-me-isceli-posle-godini-stradanje-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кирил Ангелов | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg