5 луѓе кои верувале дека се пророци испратени од Бог (и нивните морничави злодела)
Дејвид Шејлер
За разлика од другите на листава, Дејвид Шејлер не е насилен, но сепак има бизарни верувања.
Британецот е поранешен агент од MI5 кој премногу верува и во теории на заговор.
Тој работел во MI5 до 1997 година, кога бил отпуштен бидејќи споделувал класифицирани информации од агенцијата.
По отказот, Дејвид почнал да верува дека е божји син и дека е на света мисија на Земјата.
Почнал да пишува книги и да дава интервјуа во кои тврди дека е испратен од Бог за да го спаси човештвото, како и дека има волшебни моќи.
Истовремено, тој тврди дека ја знае тајната за вечен живот.
Дејвид има изјавено и дека има алтер его кое е трансвестит и се вика Делорес Кејн, па некогаш се облекува како жена.
Денес Дејвид живее во Англија и уште е убеден дека е месија.
Аполо Киболој
Аполо потекнува од Филипините и е основач на црквата Кралството на Исус Христос.
На почетокот проповедал пред група од само 15-тина луѓе, но денес неговата црква има над четири милиони членови.
Тој има изјавено дека е „избраниот божји син“ како и дека е „сопственик на универзумот“.
Исто така, Аполо тврди дека запрел земјотрес во 2019-та, како и дека појавата на омикрон варијантата на корона вирусот е поради тоа што јавноста го исмева.
Аполо е и под истрага од страна на ФБИ за трговија со луѓе. Некои сметаат дека користи дрога за да ги контролира членовите на неговата црква, како и дека користи тактики со заплашување, па дури и сексуално насилство.
И покрај сите контроверзии и бизарни изјави, Аполо има верни следбеници кои веруваат во секој негов збор.
Дејвид Кореш
Дејвид имал проблематично детство, па можеби тоа донекаде го објаснува неговото верување дека е месија.
Неговата мајка имала само 14 години кога го родила, а татко му – 20. Уште пред да се роди, татко му ја напуштил мајка му и таа станала алкохоличар.
Набрзо потоа, мајка му го оставила да живее со неговата баба, а повторно го видела дури кога наполнил седум години.
Во 1980-тите, Дејвид почнал да тврди дека е пророк, како и дека Бог зборува со него.
Со текот на времето, тој основал култ – Branch Davidians – а своите следбеници ги учел дека наближува крајот на светот. Дејвид истакнувал и дека тој е избраниот спасител кој ќе им помогне да преживеат.
Всушност, Дејвид тврдел дека е последниот пророк кој е спомнат во Библијата.
Низ годините, Дејвид бил обвинуван за физичко и сексуално малтретирање деца, како и други криминални дела.
Па, во 1993 година, агенти на ФБИ отишле да направат претрес на имотот на којшто живеел со следбениците.
Ситуацијата ескалирала во опсада која траела 51 ден и резултирала со смртта на 76 следбеници, вклучувајќи го и самиот Дејвид.
Спирова С. | Црнобело