5 луѓе кои верувале дека се пророци испратени од Бог (и нивните морничави злодела)
Шоко Асахара од Јапонија се декларирал како Исус Христос и со неговиот култ извршил напад во метро станица во Токио, при што загинале 13, а илјадници луѓе биле повредени. Некои луѓе навистина се убедени дека се испратени од Бог на мисија да го „спасат“ светот.
Низ историјата, но и во помодерно време навистина постојат луѓе кои се сигурни дека се месии, божји синови и што уште не.
Додека повеќето веројатно имале само бизарни верувања, некои од нив оделе до екстреми – основале култови со многу следбеници, па дури и убивале.
Пет луѓе кои верувале дека се испратени од Бог:
Шоко Асахара
Шоко Асахара, чие вистинско име е Чизуо Мацумото, е основач на озлогласениот јапонски култ Aum Shinirikyo.
Во детството потполно го изгубил видот во левото око, а делумно во десното, па одел во училиште за слепи деца.
Уште тогаш, Шоко ја покажувал својата мрачна страна – ги малтретирал другите ученици, ги тепал и им ги крадел парите.
Тој проучувал многу религии и во 1984 година го формирал неговиот култ, по што си го сменил името во Шоко Асахара.
Само пет години подоцна, тој успеал да ги убеди властите да го регистрираат неговиот култ како релевантна религиска организација.
Шоко набрзо станал ѕвезда – се појавувал на телевизија и во весници и почнале да го следат многу луѓе.
Напишал неколку книги, а во 1992 година се декларирал како Исус Христос.
Култот на Шоко се движел во погрешна насока и во САД бил регистриран како терористичка организација.
Во 1995 година, Шоко организирал напад со гас во метро во Токио. 13 лица загинале, а илјадници биле повредени. Набрзо потоа властите успеале да го уапсат.
Шоко бил осуден на смрт, а беше погубен многу години подоцна – во 2018-та.
Оскар Рамиро Ортега Хернандез
Во ноември 2011 година, тогаш 21-годишниот Оскар истрелал неколку куршуми кон Белата куќа во Вашингтон со полу-автоматска пушка.
Тогашниот претседател Барак Обама и сопругата Мишел не биле во куќата, но внатре биле нивните ќерки.
За среќа, никој не бил повреден.
По истрагата, јавноста дозна кој бил Оскар и која била неговата цел.
Имено, тој бил невработен и три недели пред нападот му кажал на семејството дека ќе оди на патување за „некаков бизнис“.
Според неговите пријатели, пред да замине, Оскар бил многу параноичен и неговото однесување било драстично променето.
Неколку месеци пред нападот, тој ѝ испратил видео на Опра Винфри со кое пробувал да ја убеди дека е Исус Христос и дека треба да се појави во нејзината емисија.
Оскар можеби ќе го избегнел апсењето, но кога бегал од Белата куќа, направил сообраќајка. Полицијата го нашла оружјето во неговиот автомобил и по некое време се покажало дека тој е напаѓачот.
Подоцна Оскар изјави дека Обама бил антихристот и ѓаволот, а тој бил на мисија да го убие за да го спаси светот.
Моментално Оскар е во затвор и треба да биде ослободен во 2033-та.