10 секојдневни предмети кои се измислени по раѓањето на кралицата Елизабета
Кога сечениот леб првпат се појавил на пазарот, кралицата Елизабета имала две години, а до 14-годишна возраст немала хулахопки бидејќи не ни постоеле. Кои други предмети се измислени по раѓањето на кралицата?
Кралицата Елизабета почина во септември 2022-ра, на 96-годишна возраст.
Таа е родена во далечната 1926-та, а на денот кога се родила, голем дел од предметите и уредите што ги користиме денес не биле измислени.
Ова се предмети за чие потекло не ни помислуваме и потсвесно мислиме дека постоеле отсекогаш. Сепак, тие постојат помалку од еден век.
Па, кои предмети и уреди беа измислени по раѓањето на кралицата Елизабета?
Телевизор
Првата успешна демонстрација на телевизор се случила во септември 1927 година.
Тогаш кралицата имала една година.
Сечен леб
Според археолошките наоди, луѓето почнале да прават леб пред околу 10.000 години.
Но, сечениот леб што го купуваме денес почнал да се продава во 1928-ма, кога Елизабета имала 2 години.
Електрична гитара
Првата електрична гитара била дизајнирана во 1931 година, од страна на Џорџ Бошам. Следната година почнало и нејзиното комерцијално производство.
Тогаш кралицата имала шест години.
Најлон
Синтетичкиот материјал од кој се произведуваат хулахопките почнал да се произведува во 1938 година, а до 1940-та станал мошне популарен материјал.
Ова значи дека до околу 14-годишна возраст, кралицата Елизабета немала хулахопки бидејќи не постоеле.
Пенкало
Првите модерни пенкала биле патентирани околу 1940 година, но почнале да се продаваат дури во 1945-та.
Истата година, кралицата наполнила 19 години.