„Како изгледам јас на Инстаграм vs. како изгледам во реалностa“
Со начинот на позирање Џозефин од Копенхаген открива дека го крие целулитот, го истенчува струкот и прави комплетно да изгледа пофит.
Џозефин е 23-годишна девојка од Копенхаген која на својот Инстаграм профил постојано прикажува дека Инстаграм е лага, односно сликата за нас која таму ја креираме е лажна.
Таа прво позира во добро избрана поза со совршено светло за на Инстаграм, а потоа прикажува како изгледа во реалноста, односно позира во сосема природно издание.
Фотографиите се направени во рок од неколку минути и се доказ колку начинот на позирање прави голема разлика.
Пораката на Џозефин е сите ние да знаеме да направиме разлика од Инстаграм фотките и реалноста и да прифатиме дека совршенство не постои.