Секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја
Користење телефон
Во Северна Кореја постојат и строги правила за користење телефон.
Повеќето жители не смеат да зборуваат на телефон ни со нивните роднини во странство.
Во земјата постојат телефонски линии кои наводно ги користат околу 3 милиони луѓе, но тие не дозволуваат јавување во други земји.
Избирање професија
Едноставно кажано, луѓето во Северна Кореја немаат слобода самите да ја избираат својата професија.
Според изворите, моќните и богатите ги добиваат најдобрите работни места кои се полесни и подобро платени.
Сите останати треба да се помират со работното место што ќе им го додели државата.
А, штом ќе им биде доделено работно место, ќе мора да останат на истото целиот живот.
Фризури
Мажите и жените можат да одбираат од неколку фризури одобрени од власта.
Жените кои се во брак треба да имаат пократка коса, додека сингл жените можат да имаат малку подолга.
Мажите не смеат да имаат коса подолга од 5 сантиметри, но постарите можат да се „опуштат“ со коса до 7 сантиметри.
Критикување на власта
Во секоја држава е сосема нормално да се критикува власта, па и да се организираат протести кога населението е незадоволно.
Жителите на Северна Кореја го немаат овој луксуз.
Сите жители, без исклучок, мораат да го возвишуваат лидерот на државата и не смеат да кажат ниту еден лош збор за него.
Во спротивно, можат да се соочат со сурови казни.
Спирова С. | Црнобело