Плукаат за среќа, носат амајлии против уроци и уште 10 чудни суеверија во кои веруваат Грците

Кивање

Според едно старо суеверие, се смета дека кивањето значи дека некој зборува или мисли на вас. За да дознаете која е таа личност, побарајте некој да ви каже трицифрен број, собирајте ги цифрите и пронајдете ја соодветната буква од азбуката. Тоа е првата буква од името на личноста која размислува за вас.

plukaat-za-srekja-nosat-amajlii-protiv-uroci-i-ushte-10-chudni-sueverija-vo-koi-grcite-veruvaat-05.jpg

На здравје!

Исто како и секаде во светот, Грците наздравуваат со зборовите „Gia mas“ со алкохол, било да е тоа со вино, узо или пиво.

Но, тие никогаш нема да наздрават со кафе бидејќи сметаат дека тоа носи лоша среќа.

Крст на вратите

Грците ставаат крст од пепел на рамката на влезната вратата.

Многумина веруваат дека правењето крст на врвот на влезот со пепелта од свеќата што гори на полноќната миса на Велигден, ќе донесе среќа во домаќинството.

Допирање црвено

Кога двајца луѓе ќе кажат исти зборови во исто време, Грците веруваат дека тоа е знак дека тие ќе се скараат.

За да ја избегнат расправијата, тие мора веднаш да допрат нешто што е црвено.

plukaat-za-srekja-nosat-amajlii-protiv-uroci-i-ushte-10-chudni-sueverija-vo-koi-grcite-veruvaat-04.jpg

Не се прават свадби во престапна година

Во Грција паровите избегнуваат да се венчаат во престапна година.

Се смета дека свадбите, па дури и веридбите кои се слават во текот на престапна година, завршуваат лошо, било со развод или со смрт на еден од брачните партнери.

Кршење калинка

За време на божиќните празници над вратата се закачуваат калинки, кои се древен симбол на просперитет и среќа.

На полноќ на Нова година, сите светла во куќата се гаснат и калинката се крши од подот или вратата.

Колку повеќе семиња се истураат, толку е поголема веројатноста да донесе среќа, здравје и просперитет за следната година.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg