Виц на денот: Кога си најлошиот и најдобриот маж истовремено
Мажот се буди мамурен. Отвора очи, а на масичката гледа чаша вода и два Аспирини.
Облеката покрај креветот му е испеглана, разгледува наоколу и гледа дека цела куќа е чиста и средена.
На масата во кујна гледа ливче на кое пишува: „Отидов во продавница. Појадокот е во рерна, спортскиот весник на маса. Твојата сопруга!“
Тогаш поминува синот и мажот го гледа и го распрашува што се случило минатата ноќ.
Синот одговара:
„Ох, ништо, си дојде околу 3 наутро, пијан, се сопна на скалите, ја искрши омилената ваза на мама и поврати во ходник, па се залета кон вратата и од тоа ти е модрицата на око.“
„А, како и покрај тоа, сè е средено и мајка ти не е лута?“
Синот дообјаснува:
„Па, кога мама те одвлече во спална и проба да ти ги соблече панталоните, ти ѝ рече: Госпоѓо, оставете ме раат, јас сум оженет!“