Стенд-ап комичари кои ќе ве насмеат до солзи
Доколку сте љубители на стенд-ап комедијата, тогаш знаете каква радост е кога ќе најдете нов интересен комичар.
Оние кои не гледале до сега стенд-ап, не ги чини ништо да дадат шанса... сепак, можеби ќе им се допадне.
Пет стенд-ап комичари кои ќе ве насмеат до солзи:
Еди Изар – Контроверзниот британски „акционен транвестит“ како што сака да се нарекува, е еден од најинтересните и најсликовитите стенд-ап комичари на денешницата.
Во неговите настапи тој опфаќа теми од најразлични тематики кои ги спојува со неговата неверојатна креативност.
https://www.youtube.com/watch?v=LpDHe9xtvBE
Расел Питерс – Канаѓанец со потекло од Индија, кој не пропушта прилика да исмее одредена група луѓе или општествена заедница.
Тој е еден од најлудите стенд-ап комичари, има огромно познавање на светската култура и обожува да им прави незгодно на луѓето во првите редови.
Неговиот стил е обзервационен, односно тој го користи својот хумор да ги потенцира стереотипите за сите етнички и општествени групи кои ќе ги забележи во првите редови за време на неговите настапи.
https://www.youtube.com/watch?v=gqcavSXfLnU
Дани Бој – Шкотланѓанецот со индиски гени, Дани Бој е еден од најскромните стенд-ап комичари на оваа листа. Неговиот репертоар е обзервационен, како и културолошки.
Често раскажува за најразлични случки од неговиот живот, кои ги претвора во неверојатна комична приказна.
Луи Си Кеј – Контроверзниот Луи, кој неодамна беше обвинет за непримерно однесување (и ред други работи) е еден од најсмешните комичари на денешницата.
Има обзервационен хумор кој опфаќа ситуации од неговиот секојдневен живот, зачинети со неговите мрачни мисли и неговата омраза према самиот себе.
https://www.youtube.com/watch?v=Fxl2U5DSz9w
Бил Бур – Еден од најгласните комичари на оваа листа, најгласен во искажување на неговото гневно гледање кон светот.
Стилот му се состои од искажување на најразлични контроверзни мисли и теории на заговор, зачинети со напнатоста на неговиот глас.
https://www.youtube.com/watch?v=NQI1r3J9Scs
еНВи | Црнобело