„Инфаркт: каков и да е, од срце да е!“ - Смешни изјави кои ќе ве насмеат од срце
Смеењето е половина здравје… или чистотата беше тоа? Како и да е, на сите ни е потребна дневна доза хумор, бидејќи животот и онака е прилично сериозен и стресен сам по себе.
Добриот глас надалеку се слуша… во овој случај тоа е гравот, а симболиката нема потреба да се објаснува, нели?
Опуштете се и насмејте се, животот е краток:
1. Подобро да водите љубов, отколку куче.
2. Подобро 5 до 12, отколку ниту една после 1.
3. Добриот грав надалеку се слуша.
4. Инфаркт - каков и да е, од срце да е!
5. Никогаш не пијам, освен кога сум сам или со друштво.
6. Оној којшто му копа дупка на другиот е погребен работник.
7. Не трчајте по жените, да не се судрите со оние коишто бегаат од нив.
8. Понекогаш сум малку неодлучен… или можеби не сум?
9. Некои пијат од радост, други од мака, а трети од сабајле.
10. Непријателот никогаш не спие, ќе го препознаеш по подочниците.
11. Мајмунот не е виновен што од него настанал човекот.
12. Оптимизмот е недостаток на информации.
13. Работата го создала човекот, е неработењето – господинот.
14. Постојано паѓам на испити. Проклети столчиња!
15. Ти си мое најголемо богатство, радо би те закопала.
16. Треба ли 100 пати да се повторувам? – го праша сантиметарот метарот.
17. Жените се рај за очите, пекол за душата и чистилиште за паричникот.
18. Доколку сакате да зборуваат убави работи за вас, умрете.
19. За вистината да делува малку поуверливо, додадете некоја лага.
20. Кога парите зборуваат, сите луѓе ѝ припаѓаат на една иста вера.
(О)Милена | Црнобело