Не можеш против шефот!
Вашиот шеф е постојано во право, а речи си секој ваш чекор е погрешен? Сте размислувале ли како секоја работа која ќе ја направите секогаш на...
... крајот испаѓа погрешна? Опуштете се - не можете против вашиот шеф, ама затоа можете да најдете забавната димензија во оваа приказна.
Кога ти треба малку повеќе време - ти си спор.
Кога на твојот шеф му треба малку повеќе време - тој е темелен.
Кога ништо не правиш - мрзлив си.
Кога твојот шеф ништо не прави - премногу е зафатен.
Кога ќе погрешиш - ти си идиот.
Кога твојот шеф ќе погреши - и тој е само човек.
Кога ќе направиш нешто што не ти е кажано - ги преминуваш своите овластувања.
Кога твојот шеф ќе направи нешто што не му е кажано - тоа е иницијатива!
Кога завземаш став - ти си тврдоглав.
Кога твојот шеф завзема став - тој е доследен.
Кога ќе прекршиш некое правило на етиката - ти си непристоен.
Кога твојот шеф ќе го направи тоа - тој е оригинален.
Кога ќе го задоволиш својот шеф - ти се "улизуваш".
Кога твојот шеф ќе го задоволи својот шеф - тој е кооперативен.
Кога си надвор од канцеларија - ти се шеташ околу.
Кога твојот шеф е надвор од својата канцеларија - тој е на важен состанок.
Кога бараш слободен ден - ти си "секогаш болен".
Кога твојот шеф зема слободен ден - мора многу да е болен.