Рецесиски шеги

ekonomski-shegi-povekjeРецесијата почна да се чувствува и кај нас. Луѓето, кои се во паника, кои не се оптеретуваат, а нам не ни останува ништо друго освен економски да се нашалиме...

 

 

Кај нас ништо не успеало, па ни кризата нема да успее.

Долгорочна инвестиција е секоја краткорочна инвестиција која пропаднала!

Инвеститорот кога нарачува пица бара да му ја расечат на 8 парчиња наместо на 4, за пицата да му изледа поголема.ekonomski-shegi

Статистичарот чија глава е замрзната и чии нозе чекорат по оган вели дека тој во просек се чувствува добро.

Доколку од некој економист побарате да ви го даде телефонскиот број, тој ќе ви даде приближна вредност.

Економистите предвиделе девет од последните четири рецесии.

Како да заработите еден милион денари на Македонската берза?
- Вложете два милиони!

Која е разликата помеѓу човек што загубил се во Лас Вегас и инвеститор на Вол Стрит?
- Вратоврската.

Знаете ли колку се евтини акциите овие денови? Денес Вол Стрит е преименуван во Вол Март Стрит. (Џеј Лено)
(Вол Март е синџир на супермаркети познат по ниските цени)

Претседателот Обама минатата недела го посети Сан Антонио, за да се сретне со тамошните сопственици на мали бизниси. Тоа беа сопствениците на Џенерал Моторс и Џенерал Електрик. (Џеј Лено)

Шетајќи низ компанијата директорот забележал еден работник како спие на бирото. Наместо да го разбуди, тој на мониторот му залепил мал лист на кој пишувало:
- Се додека спиеш ќе имаш работа, но штом се разбудиш отпуштен си!

Знаете ли што е врв на оптимизмот?
-Не.
-Врв на оптимизмот е кога директор ќе се ожени со својата секретарка и мисли дека се уште може да и диктира.

Бонус:
Директорот на новата секретарка:
-Дали сте задоволна од новата положба?
-Да, само пенкалото ме боцка страшно на грбот.

Менаџерот е личност која мисли дека девет жени можат да родат дете за еден месец!

Никогаш не купувај од богат продавач!

Не прави трикови со карти пред луѓето со кои играш покер!

Не претерувај работејќи за да заработиш за живот, а во меѓувреме всушност да немаш живот!

Никогаш не инвестирај во нешто што јаде!

Би можело да ве интересира:

Жени кои само сакале да се разубават, но отишле во непроверен салон (фото) Екстензии кои изгледаат како да сте ги ставале сами и трепки кои воопшто не изгл...
Смешна фото-компилација: Најлудите работи што ги гледаат вработени во техничка поддршка Подуена батерија од лаптоп која може да експлодира во секој миг, конзола за игра...
Синот на Гери Барлоу од „Take That“ стана хит меме поради неговата висина Семејна фотка на која Гери Барлоу едвај достигнува до рамото на син му Даниел ги...
Кога ќе нарачаш производ онлајн, а ќе добиеш нешто сосема поразлично (фото) Колку пати сте нарачале онлајн некоја храна која изгледала привлечно на фотките,...
Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg