10 цитати за животот
Ако сте љубители на книгите, можеби имате навика да ги обележувате оние цитати кои навистина ви се допаднале и сакате да ги запомните.
Нема поголемо богатство од мудрите совети, мисли и заклучоци.
Во прилог одвоивме неколку кои се наши фаворити, а вие слободно може да нè дополните:
1. Лесно може да му простите на дете кое се плаши од темнина. Вистинска трагедија во животот се луѓето кои се плашат од светлината – Платон.
2. Ако човек не мисли на проблемите кои му се чинат далечни, ќе биде полн со грижи кога истите ќе му се приближат – Конфучие.
3. Зборот кој си го задржал за себе е твој роб. Зборот кој си го изговорил е твој господар – Арапска мудрост.
4. Немој да настојуваш да одиш по стапките на мудрите луѓе, настојувај да одиш по оние по кои и тие оделе – Башо.
5. Најдобар војник е оној кој успева да го преобрати непријателот во пријател – Коелјо.
6. Човекот е најмалку свој кога зборува за себе. Дајте му маска и ќе ви ја каже вистината – Оскар Вајлд.
7. Зборувај разумно со будала, и тој ќе те смета тебе за будала – Еврипид.
8. Ниту една личност на светот не ги заслужува твоите солзи, а онаа која можеби и би ги заслужила, никогаш нема да те расплака – Габриел Гарсија Маркес.
9. Немој да се бориш против нешто старо, бори се за нешто ново – Ошо.
10. Најдобро ќе го процените човекот според она што го прави баш случајно и несвесно, а не по она кое го прави промислено и намерно – Јован Дучиќ.