Факти за најубавата жена на светот, Моника Белучи - има совршени пропорции, вели „брчките се попривлечни од пластиката“

Позната под псевдонимот „најубавата жена на светот“, брилијантната Моника Белучи веќе години наназад доследно претставува симбол за женственост, грациозност и неприкосновена убавина. Таа е една од најпознатите италијански модели и актерки во светот.

Za-nea-sekogash-brchkite-se-poprivlechni-od-plastikata-zboruva-techno-chetiri-jazici-fakti-za-zhivotot-na-najubavata-zhena-na-svetot-Monika-Beluchi 91 630x330.jpg

Моника Ана Марија Белучи е родена на 30 септември, 1964 година во италијанското село Цита ди Кастело, Умбрија, како единственото дете на Брунела Бриганти и Пасквале Белучи.

Уште на рани години нејзиниот надворешен изглед не можел да помине незабележано, така што таа „запливува“ во водите на моделството уште како тинејџерка.

https://www.instagram.com/p/Cb-pWs0L_wE/

Со оглед на брзиот напредок, Моника  својата филмска кариера ја започнува уште во ’90-те и за нејзини првенчиња се сметаат филмовите Dracula и The Apartment.

Во 1996 година таа e номинирана за најдобра споредна актерка за улогата на Лиза во The Amartment и со самото тоа ја зацврстува својата позиција во филмската индустрија. Познато е дека пред нејзиното екстремно прославување како модел, Белучи студирала право.

https://www.instagram.com/p/CdLxy_4Mmhy/

Во 1990 година италијанската актерка запливала во брачните води, а нејзин избраник бил фотографот Клаудио Басо. Овој брак неславно завршил после четири години, односно во 1994 година Моника и Клаудио се разделиле.

За нејзина отскочна даска се смета добропознатиот филм Malena, каде Моника Белучи нашироко доби многубројни признанија за нејзината драматично-маестрална изведба, глумејќи ја жената која за брзо време станува „еротска“ опсесија ширум целиот свет.

https://www.instagram.com/p/Ccik6Z7L2l7/

Во 1999 година брилијантната Моника по вторпат стапува во брак, овојпат со францускиот актер Винсент Касел, со кого има две ќерки, Дева родена во 2004 година и Леони родена во 2010 година. Во 2013 овој славен пар се разведува.

На свои 58 години, Моника Белучи сѐ уште се смета за женска икона која позади себе остави „прашина“ во однос на светската филмска кинематографија.

Помалку познати факти за италијанскиот секс-симбол,  Моника Белучи:

Таа е најстарата Џејмс Бонд девојка.

Во 2015 година имавме прилика да ја видиме Белучи во улогата на Лусија Скиара во добропознатиот James Bond - Spectre, кој имено е претпоследна објава на Бонд-филмовите, со оглед на тоа што премиерата на новитетот No Time to Die, по неколку откажувања премиерно беше прикажана во 2021 година.

Белучи за Sunday Times изјави дека кога се сретнала со режисерот Сем Мендес, за да разговараат за понудата, таа му рекла: „Јас не сум девојче, јас сум жена, зрела жена. Зошто ми се јави? Имам 50 години, што ќе правам во Џејмс Бонд?“ Според Белучи, Мендес се насмеал и ѝ одговорил: „За првпат во историјата, Џејмс Бонд ќе има приказна со зрела жена. Концептот е револуционерен“.

Со самото тоа, Белучи влегува во историјата како најстарата Бонд девојка што некогаш се појавила.

Во 2004 година, додека била бремена со својата ќерка Дева, Белучи позирала гола за италијанскиот магазин Vanity Fair

Овој нејзин поттик, всушност бил знак на протест против италијанските закони кои спречувале употреба на донирани сперматозоиди.

https://www.instagram.com/p/BYyfDeqhIWF/

Од 2006 година, па сѐ до денес, Моника Белучи е заштитно лице на Диор

Со нејзиниот грациозен став и беспрекорно лице, воопшто не е изненадувачки што Италијанката Моника Белучи е избрана за заштитно лице на козметичките кампањи на Диор, на нејзина „зрела“ возраст од 40 години.

Многу години подоцна, заводливата убавица сè уште е предводник на овие кампањи, заедно со извонредните Шерон Стоун и Шарлиз Терон.

Моника Белучи е вистинска муза за компанијата Dolce & Gabanna

Всушност, таа е нивно заштитно лице уште од 1990 година, што значи дека веќе 31 годинa претставува извор на инспирација за италијанските дизајнери.

Еден особено впечатлив факт е тоа што во почит на нејзината убавина, ова светско познато дуо лансираше ексклузивна капсула за кармини насловена „Моника“, во 2012 година.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg